Вита Медиа Груп, данската онлајн гејминг компанија која од 2019 година работи и со претставништво во Македонија, ја прошири инвестицијата во Македонија и отвори нова и модернизирана канцеларија во Скопје изградена според современ дански дизајн.
Новата канцеларија на Вита Медиа Груп ја задржа својата локација во Парк Резиденс, но овојпат се простира на повеќе од 500 квадрати.
Тоа што е најкарактеристично за новите простории на компанијата е hygge канцеларијата.
Во данската култура, hygge се смета како дефинирачка карактеристика на данскиот начин на живот и означува квалитет на удобност кој предизвикува чувство на задоволство. Отсега, hygge моделот е инкорпориран и во бизнис секојдневието на вработените на Вита Медиа Груп изразено и преку архитектурната композиција, како и компаниската култура.
Главниот извршен директор на компанијата, Џими Меилструп, се заблагодари на вработените за истрајноста за време на градежниот процес.
„Како компанија, нас не’ дефинира вредната работа и пронаѓање на патот кон успехот во секакви околности. Во светот на iGaming индустријата покажавме дека со нашата уникатна компаниска култура можеме да се носиме во лидерството и иновациите дури и со најголемите имиња. Токму затоа се надевам дека новата канцеларија во Македонија ќе биде простор во кој сите заедно ќе ја зголемиме нашата продуктивност и заеднички ќе изградиме компанија на која сите сме горди и од која луѓето ќе сакаат да бидат дел.“ изјави Меилструп.
По повод отворањето на новата канцеларија, данскиот тим на Вита Медиа Груп допатува во Македонија каде што заедно со македонскиот тим организира забава за добредојде. Вработените од двете држави ја искористија приликата за да ги усогласат кварталните планови за работа.
Комерцијалниот директор Филип Спасовски и овластен претставник на Вита Медиа Груп во Македонија се чусвствува задоволно дека новата инвестиција на компанијата е креација во која вработените сакаат да го поминуваат своето време и заеднички да ја градат иднината на компанијата, особено после долг период на работа од дома заради пандемијата.
„Главната цел на оваа инвестиција беше да добиеме простор во кој ќе ставиме акцент на благосостојбата на вработените. Веруваме дека овој концепт е единствен начин да се расте како тим.“ изјави Спасовски.
Вита Медиа Груп е данска iGaming компанија која од 2019 отвори претставништво во Македонија. Во моментот компанијата вработува повеќе од 40 луѓе само во Македонија, а во 2021 беше прогласена за Top 20 Affiliate од страна на EGR Global.