Промовирани огласи »

Вчера на 21.5.2022 за прв пат се одржа долгоочекуваниот TEDx настан во Македонската Филхармонија во Скопје. Настанот беше во организација на The True Talent и KARIERA.mk и беше одлично освежување на монотонијата од изминатите 2 години во градот!

На настанот присуствуваа одлични говорници од целиот свет од META, Google, BT Group London, European commission, UNDP, Global Woman Magazine и регионални ѕвезди кои преку своите иновативни мотивирачки говори и лични приказни за успехот и падовите во нивните животи, дефинитивно успеа да допрат до полната сала луѓе.

Натанот беше одлично прифатен и ќе стане традиционален годишен настан во наредните години на кој се очекуваат и многу други интересни говорници од светот. Денот помина во одлична атмосфера и посетителите на настанот дефинитивно добија нови идеи за нивните зацртани планови за иднината.
Идејата на настанот да се поттикнат сите скриени потенцијали навистина вроди со плод и нашиот град вчера беше сведок на одличен настан кој навистина беше потребен.

Во прилог и галерија со фотографии од настанот.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесува 31.080 денари и во однос на март лани е зголемена за 10,1%, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4%), Уметност, забава и рекреација (20,2%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,5%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,9%), Рударство и вадење на камен (13,5%) и Преработувачка индустрија (7,1%).

Промовирани огласи »

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »