Промовирани огласи »

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесува 31.080 денари и во однос на март лани е зголемена за 10,1%, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4%), Уметност, забава и рекреација (20,2%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,5%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,9%), Рударство и вадење на камен (13,5%) и Преработувачка индустрија (7,1%).

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Нема да има никаква измена во делот на евтината тарифа од 22:00 – 07:00 часот, ќе се интервенира само во високата тарифа, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Колкава ќе биде финалната цена по блокови, ќе се знае откако ќе се одлучи со која цена ЕСМ ќе ги покрива потребите на ЕВН хоум за домаќинствата, малите и микро претрајтијата.

Финализиран е новиот модел на тарифирање од страна на РКЕ. Само треба да се одлучи од страна на Владата во делот на цената на ЕСМ што ќе ја даде за ЕВН хоум како што правиме двапати годишно. Лани одлучивме да биде 41 евро, сега се прават анализите во ЕСМ. Кога ќе се одлучи со која цена ЕСМ ќе ги покрива потребите на ЕВН хоум за домаќинства и мали и микро претрајтија, тогаш ќе знаеме колкава би била финалната цена по блокови, информира Бектеши.

Бектеши потсети дека на регулираниот пазар, освен домаќинствата, влегуваат и микро и малите компании со не повеќе од 50 вработени и со приход под два милиона евра во претхоната година.

Но, што направиле одредени фирми, за што е известана УЈП, отвориле други фирми или го намалиле бројот на вработени за да влезат на регулираниот пазар. За жал, тоа го направиле и одредени општини, рече министерот.

Промовирани огласи »

Рускиот производител на камиони Камаз преговара со кинеската автомобилска компанија JAC за евентуално продолжување на производството на руската марка на автомобили „Москвич“, пренесува Ројтерс.

Mоделот на автомобилoт од советската ера ќе се произведува во поранешната фабрика на Рено во Москва, а Камаз е во преговори со JAC за користење на својата платформа за дизајн, инженерство и производство.

Градот Москва ќе го преземе имотот на „Рено“, откако францускиот производител на автомобили објави дека го продава својот мнозински удел во Автоваз.

Производството ќе започне најдоцна кон крајот на годинава.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »