Промовирани огласи »

Рускиот производител на камиони Камаз преговара со кинеската автомобилска компанија JAC за евентуално продолжување на производството на руската марка на автомобили „Москвич“, пренесува Ројтерс.

Mоделот на автомобилoт од советската ера ќе се произведува во поранешната фабрика на Рено во Москва, а Камаз е во преговори со JAC за користење на својата платформа за дизајн, инженерство и производство.

Градот Москва ќе го преземе имотот на „Рено“, откако францускиот производител на автомобили објави дека го продава својот мнозински удел во Автоваз.

Производството ќе започне најдоцна кон крајот на годинава.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2022 година (вторник) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот Св.Кирил и Методиј, Денот на сесловенските просветители.

Во продолжение прочитајте кои се и останатите неработни денови до крајот на годината:

За сите граѓани на РМ: 02 август (вторник), Ден на Републиката, 8 септември (четврток), Ден на независноста, 11 октомври (вторник), Ден на народното востание, 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден, 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед: 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци, 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед: 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ: 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите.

Промовирани огласи »

Светската здравствена организација ја свикува групата водечки експерти на итен состанок за да разговараат за тековната епидемија на мајмунски сипаници, пишуваат медиумите во светот.

Според извештаите, двојно е зголемен бројот на заболени со заразни мајмунски сипаници во Велика Британија, а тоа го потврдил и министерот за здравство Саџид Џавид, наведувајќи дека има 11 нови случаи на заразени.

Утринава ги информирав министрите за здравство на Г7 за она што го знаеме досега. Повеќето случаи имаат благи симптоми и можам да потврдам дека набавивме дополнителни дози вакцини кои се ефикасни против мајмунска сипаница, напишал тој на Твитер.

Медиумите потсетуваат дека мајмунските сипаници последниве денови се шират во Европа, а првите случаи се потврдени во Франција, Италија, Шведска, како и во Канада и во Австралија.

Првиот пациент кој добил мајмунски сипаници на 7 мај отпатувал во Нигерија, од каде се верува дека е заразен, пред да се врати во Англија.

Симптомите вклучуваат треска, главоболки и осип на телото кој започнува на лицето и се шири на други делови од телото.

Според податоците на веб-страницата на Светската здравствена организација, смртноста од мајмунски сипаници била меѓу нула и 11 отсто, а во последно време се движи меѓу три и шест отсто.

Промовирани огласи »

Понекогаш е очигледно дека е време да најдете работа, но во одредени случаеви и не е така едноставно. Секако, ако некој ви понуди значително добра понуда, сигурно дека нема многу да размислувате. Ако се среќавате со потешкотија во изборот на кариера во помала или поголема форма предлагаме да ги погледнете следниве одлични компании на KARIERA.mk при донесување одлука за кариера. 

ЕВН АД Скопје е енергетска компанија која на македонскиот пазар е активна од 2006 година. Моментално вработува на следните позиции:


Престижните Montenegro Stars Group во соработка со KARIERA.mk вработуваат сезонски персонал за ова лето за
🌟 Hotel Splendid Conference & Spa 5* Budva
🌟 Hotel Montenegro Beach Resort 4* Budva
🌟 Hotel Blue Star 4* Budva

Активните огласи можете да ги видите  ТУКА

ПАВ МОТИВИ за свои клиенти вработува на многу работни позиции. Деталите за огласите можете да ги погледнете ТУКА

Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday го проширува својот тим и вработува ОПЕРАТОР НА МАШИНА


Вита Медиа Груп како една од најголемите компании во светот на iGaming вработува:

Koton Магазаџилик ДООЕЛ Скопје интернационална компанија која успешно работи во Република Македонија околу 8 години, вработува ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - RAMSTORE MALL

ДМТШ ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ го збогатува својот тим. Денес во компанијата се вработени 250 над лица кои се професионално обучени за извршување на своите задачи и добро координирани со цел потребите на нашите клиенти да бидат во целост задоволени.

 KEMET со над 100 години технолошка иновација, вработува QUALITY ASSURANCE ENGINEER и QUALITY TECHNICIAN

МЕРЕ маркети се трети по големина Руски ланец на маркети кој работи од 2009 година, под брендот СВЕТОФОР во Русија.Присутни сме во повеќе од 20 земји меѓу кои се Шпанија ,Кина,Германија,Србија итн. Моментално вработуваат на следниве работни позиции:

Сите активни огласи во моментов погледни ги на KARIERA.mk 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »