Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2022 година (вторник) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот Св.Кирил и Методиј, Денот на сесловенските просветители.
Во продолжение прочитајте кои се и останатите неработни денови до крајот на годината:
За сите граѓани на РМ: 02 август (вторник), Ден на Републиката, 8 септември (четврток), Ден на независноста, 11 октомври (вторник), Ден на народното востание, 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден, 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед: 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед: 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци, 25 декември (недела), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед: 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука.
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ: 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите.