
- Објавен на 11.2016
- Алвоген
- Активен до 14.12.2016
- Позиција: Медицински персонал/Негуватели
- Локација: Скопје
- Телефон: 034/211-288
Целосен оглас:ALVOGEN е мултинационaлна фармацевтска компанија орентирана на комплексни генерички фармацевтски производи. Компанијата е изградена врз силните темели на Norwich Pharmaceuticals во New York, со повеќе од 120 години искуство во производство на лекови.
Со цел на пласирање на нашите производи на пазарот во Македонија, продолжуваме со процесот за регрутирање на нови кадри:
Стручни соработници
Услови за кандидатите:
• Универзитетско образование (Фармацевтски факултет, Медицински Факултет, Стоматолошки факултет)
• Со или без искуство на иста или слична позиција
• Високо ниво на организираност, проактивност и одговорност за доверени обврски
• Познавање на англиски јазик (говорен и пишан)
• Одлично познавање на MS Office
• Возачка дозвола за Б категорија
ОПИС НА РАБОТАТА:
• Спроведување на маркетинг планови и остварување на планирани цели
• Редовни работни состаноци со лекари и фармацевти
• Стручна презентација на производи
• Спроведување на промотивни активности
• Следење и анализа на активностите на фармацевтскиот пазар
• Организирање и учество на стручни промотивни собири
• Редовно известување
НА ВРАБОТЕНИТЕ ИМ НУДИМЕ:
• Работа во позитивна, динамична и стимулативна средина
• Континуирана обука и усовршување
• Можност за брзо напредување во кариерата
Кандидатите треба да испратат кратка биографија (CV) со мотивационо писмо на следната адреса: АЛВОГЕН ПХАРМА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Гевгелија, ул. Борис Кидрич бб, 1480 Гевгелија, е-пошта на: [email protected] со назнака „Стручен соработник“ најкасно дo 14.12.2016. Само најтесниот круг на кандидати ќе бидат контактирани. Апликациите ќе бидат третирани со доверливост.
Слични огласи »