Специјалист за човечки ресурси и пресметка на плата

(преземи го огласот во Word)

 

 

СОКОТАБ ДООЕЛ БИТОЛА, дел од Сокотаб групацијата, светски лидер на пазарот за откуп и преработка на ориентален тутун вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА

Број на извршители: 1 (еден)

УЛОГА

КВАЛИФИКАЦИИ

  • Процесирање на сите трансакции поврзани со пресметка на плата и други надомести од работен однос
  • Администрирање на персонални досиеја, барања на вработените од работен однос и евиденцијата на работното време.
  • Регрутација на работници, засновање и прекин на работен однос, согласно законската регулатива.
  • Логистичка поддршка во сите процеси од доменот на работата на одделот за ЧР (контакти со институции и други засегнати страни, ориентација на ново вработени, евалуација, обуки, подготовка на извештаи, креирање на политики и процедури, итн.)
  • Водење на електронска архива на документација од одделот за ЧР
  • Универзитетско образование од областа на  општествените науки.
  • Мин. 3 годишно искуство во подготовка и процесирање на плата
  • Работно искуство во оддел за ЧР и одлично познавање на важечките законски прописи од областа на работните односи.
  • Одлични интерперсонални и комуникациски способности. 
  • Одлично познавање на англиски јазик.
  • Одлично познавање на работа со компјутер.
  • Добри аналитички и математички способности.
  • Претходно работно искуство со САП или друг ERP системи се смета за предност.

ОВОЗМОЖУВАМЕ                                                                                                                                                    

  • Динамична работна средина ослободена од стереотипи                                                              
  • Работа во меѓународна компанија, заедно со други искусни професионалци
  • Можност за усовршување и збогатување на личното и професионално искуство
  • Конкурентна плата и бенефити

БАРАМЕ

  • Тимска игра и интегритет
  • Сигурност и отвореност кон нови предизвици
  • Проактивниот и истрајност
  • Активност и амбиција

Биди исклучителен! 
Одделот за човечки ресурси е место за поединци со силен интегритет и етика во работата, каде се ценат различностите и каде имаш можност да се реализираш себеси и своите цели.

Доколку си таква личност и ги поседуваш бараните квалификации, испрати го своето C

 

V, мотивациско писмо и копија од останата документација најдоцна до 10.04.2021 на [најави се за да го видиш е-маилот] . Работниот однос се заснова на определено време.

Сокотаб ДООЕЛ Битола има дискреционо право на избор од кандидатите кои ги поседуваат соодветни квалификации во законски предвидениот рок.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »