
За компанијата: Be-Da Logistics е основана на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање меѓународен транспорт и логистика на стоки преку копнен, железнички, воздушен и поморски сообраќај....
повеќе за компанијата »- Објавен пред 3 недели
- BE-DA Logistik
- Активен до 05.02.2025
- Позиција: Комерцијалист/Агент
- Локација: Скопје
- Веб: be-da.mk/
- Facebook: линк
БЕ-ДА Логистик Дооел Скопје, компанија со 14 годишно искуство во меѓународен транспорт и логистика поради нова соработка со европски партнер го проширува својот тим.
Доколку сте амбициозни, посветени и подготвени да бидете дел од успешна и иновативна компанија и сакате да придонесете за растот и развојот на компанијата во меѓународно поле, аплицирајте за позиција:
АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА
КОГО бараме ?
- Кандидати со минимум 2 години искуство во продажба на услуги;
- Одлично познавање на MS Office;
- Изразени преговарачки и комуникациски вештини;
- Способност за самостојно работење и тимска соработка;
- Возачка дозвола Б категорија е задолжителна.
ОПИС на работното место:
- Стратешко планирање и селекција на нови клиенти;
- Закажување и одржување на состаноци со клиенти;
- Презентација на услугите и доставување понуди на компании;
- Развивање на стратегии за продажба и придобивање нови бизнис можности;
- Изготвување на редовни извештаи за тековните активности и резултати;
- Остварување и следење на продажните цели
ШТО нудиме:
- Пријатна работна атмосфера и услови за работа;
- Работно време од 08 до 16 часот;
- Службен превоз;
- Обуки за професионален развој;
- Тим билдинг настани;
- Дополнителни бонуси;
- Стручна обука и поддршка;
- Работа во динамичен и млад тим
Доколку сте заинтересирани, испратете ја вашата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Агент за продажба“ најдоцна до 05.02.2025 година.
Слични огласи »