УПРАВИТЕЛ НА ДРУШТВОТО

За компанијата: Eurovia ДООЕЛ е една од водечките компании во областа на градежништвото во Македонија. По семејна традиција на успешно работење во областа на градежништвото, компанијата "ЕУРОВИА" е основана во 2010 година.... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 7.2018
  • EUROVIA
  • Активен до 17.07.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Тетово
  • Телефон: +38971424000
  • Веб: www.eurovia.mk

ДГТУ ЕУРОВИА ДООЕЛ  со седиште на Автопат Е65 Мајка Терезa, Бензинска Пумпа ЛУКОИЛ 2 - Спрат, Тетово, една од водечките компании во Македонија со долгогодишно искуство на полето на градежништво, логистика,   и трговија со градежни материали, објавува оглас за вработување за позицијата:

УПРАВИТЕЛ НА ДРУШТВОТО

 

Управителот ќе биде одговорен за планирање, развој и наосчување на сите комерцијални активности преку дефинирање на стратешките цели и бизнис планови. Обезбедување беспрекорна организација за да се обезбеди максимална добивка и враќање на вложениот капитал. Формирање на насоки за развој на проектите под директна контрола, со целосна одговорност за профит и загуба.

Главни одговорности:

•    Концептуализирање и водење на Друштвото, следејќи ги политиките, насоките и целите на компанијата кои се одредени од Генералните директори.

•    Да  се  развијат  и  операционализираат  стретеги,  планови  за  долготраен  развој, годишни оперативни планови, годишни буџети, додека континуирано се мери напредокот.

•    Превземање на активности за управување со проекти и надгледување на тимовите кои управуваат со проекти, одговорен за ефикасно управување со проектите

•    Преглед на предлог – проект или план за утврдување временска рамка, финансиски ограничувања, процедури за остварување на проект, кадровски барања и распределба на достапни ресурси за различни фази на проектот.

•    Креирање  работни  планови  и  поделба  на  должности  и  одговорности,  со  цел обезбедување на напредок на проект во рамки на предвиден распоред и препишан буџет.

       •   Обезбедување на насоки за развој на проектот.

       •   Планирање, управување и распределба на ресурси

•    Обезбедување на деловни процеси, алатки, внатрешни контроли за административно правни и сметководствени операции

       •   Планирање и контрола на капиталните инвестиции на Друштвото

       •   Градење и водење на тим на диманични и иновативни професионалци

•   Да се развијат силни врски и  комуникациски врски со клучните лица, активно учество во напорите за развој на бизнисот и продажбата; изградба на нови односи со клиентите.

•    Разгледување  на  извештаите  подготвени  од  статусниот  персонал,  менување  на распоредот и плановите според барањата.

       •   Развивање  на  директна   секодневна  комуникација  со  Генералниот  Директор.

Припрема  на  извештаи  за  состојбата  со  Друштвото:  Финансиски,  проекти  и управителски извештаи.

Потребни комуникациски вештини:

•    Вештини  на стретшки менаџмент  (планирање,  финансирање,  анализа,  развој  на бизнис)

•    Меѓународен   начин   на   размислување,   познавање   на   принципи   на   деловно партнерство.

•    Бизнис – ориентиран начин на размислување. Ментална агилност со способност за фокусирање, брзо и остро реагирање на клучни прашања.

•    Способност   за   управување   со   проекти,   планирање   на   развој   на   проект, координирање на проекти, завршување на проекти на време и буџет, управување со проектен тим.

Потребни квалификации:

       •   Завршено  високо  образование  Факултет  за  бизнис  –  економија,  Факултет  за менаџмент или  Градежен Факултет

•   Пожелни се постдипломски квалификации;

•   Над 3 години работно искуство во управување на Градежна компанија

•   Добро познавање на македонскиот пазар;

•   Одлични комуникациски вештини на македонски,англиски;

•   Познавање на ИТ технологии;

•   Соодветно работно искуство како управител минимум 3 години;

•   Возачка дозвола Б категорија

•   Познавање на англиски јазик

•   Способност за тимска работа

•   Флексибилност за работа на терен

•   Комуникативност, организираност и одговорност

Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да испратат свое мотивациско писмо и професионална биографија (CV) на: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака "Управител".

 

Краен рок за пријавување: 17.07.2018

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »