Одговорен за сигурноста на информативен систем

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

За вработување кај нашиот реномиран клиент од банкарскиот сектор, бараме :

ОДГОВОРЕН  ЗА  СИГУРНОСТ  НА  ИНФОРМАТИВЕН  СИСТЕМ – ОСИС(М/Ж)

ЗАДАЧИ:

  • Одговара за обезбедување сигурноста на информативниот систем на Банката /ОСИС;
  • Предлага до политики, стратегии, процедури и упатства со кои се постигнува сигурноста на информативниот систем
  • Ги познава, разбира и почитува прописите и законите кои ја регулираат проблематиката од областа на ОСИС;
  • Врши анализа и проценка на ризиците кон информативниот систем на Банката во согласност со процесот на информтивна сигурност;
  • Креирање, имплементација и развој на целокупниот процес за информативна сигурност;
  • Креирање, имплементација, унапредување и развој на Планот за континуитет во работењето и Планот за санација на катастрофа;
  • Координирање на сите сигурносни активности на системот на Банката;
  • Дава одобрение за вршење на промени кои се изведуваат на информативниот систем на Банката;
  • Дава одобрение за привилегиран пристап до системот;
  • Врши ревизија на инциденти поврзани со нарушувања на сигурноста на информативниот систем, слабостите и грешките на системот на Банката, вклучувајќи соработка со МВР/НБРСМ
  • Дава спецификација на сигурносните услови кои треба да се вметнат во договорите со трети лица во врска со сигурноста на информативниот систем на Банката;
  • Работи на подигање на свеста за сигурност на информативниот систем и организација на тренинзи и обука на вработените за сигурност;
  • Помага при извршувањето на ревизии и проверки на сигурноста на информативниот систем, врши оценка и управува со имплементацијата на корективните акции на системот на банката;
  • Прегледува сите ревизорски траги (audit logs) и контролни дневници (logs) кои се водат на ниво на Банка за одреден период и гарантира дека тие редовно се одржуваат;
  • Ја извршува својата работа во согласност со рагулативата и меѓународните стандарди за сигурност на информативните системи;

БАРАМЕ:

  • Завршено ВСС - Од областа на информатичките науки;
  • Минимум 3 години работно искуство во соодветната област;
  • Високо ниво на професионална етика и интегритет;
  • Способност за анализа, дијагностика и знаење за решавање на проблемите поврзани со  сигурноста на информативниот систем.;
  • Одлични организациски и комуникациски способности;
  • Способност за тимска работа;
  • Значајни аналитички и презентациски способности и способност за писмено известување;
  • Добри организациски вештини и способност за приоретизирање на задачите;

СПЕЦИЈАЛНИ ЗНАЕЊА

  • Познавање од различни оперативни системи, познавање на мрежа, дизајн и архитектура, ИТ системи и безбедност на мрежа/хардвер и софтвер.
  • Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и стручно и напредно користење на MS Office.
  • Професионални сертификати (од областа на ISO 27001; CISSP; CISM; CISA) ќе се сметаат како значајна предност.

НУДИМЕ:

  • Можен почеток со работа: Веднаш
  • Плата: по договор во зависност од искуството
  • Работно време: од 8.00-8.30 до 16.00-16.30 часот
  • Годишен одмор: Согласно ЗРО и КД 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат.

Апликацијата на која не е наведно работното место нема да се земе во предвид.

Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи.

Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »