Алкалоид АД Скопје вработува

За компанијата: „Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско... повеќе за компанијата »

 

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Повеќе од 8 децении со неуморна страст создаваме производи што се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека

ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ.

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визии за личен успех; доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:

 

А Л К А Л О И Д   А Д  С К О П Ј Е
ги објавува следните слободни работни места:

1. ОЕ Корпоративни служби – Оддел за човечки ресурси

1.1. Талент менаџмент експерт – 1 (еден)

Цел и одговорност на работното место:

  • планирање, имплементација, контрола и систем на известување за целокупниот систем
  • развој на целосен и на интегриран талент менаџмент систем (ТМС)

- развој и имплементација на стратегија за градење наследници и пул на таленти

- развој на аналитиката и известувањето за ПМС и за ТМС

- поврзување на ПМС со системот за плати и за бенефиции...

  • подготовка и имплементација на проектот за надградба на софтверско решение за талент и за перформанс менаџмент, како и Learning Management System
  • носител на процесот за буџетирање за ТМ-функцијата (развој, обуки, проекти, технолошка поддршка и сл.)
  • импут и носител на развојот на моделот „Човечки ресурси како бизнис–партнер“
  • менторство на тимот, споделување знаења и развој на постојниот тим
  • утврдување KPI за целокупната ТМ-функција, нивно следење и исполнување

 

1.2. Специјалист за надомест (плата) и бенефиции – 1 (еден)

Цел и одговорност на работното место:

  • планирање, имплементација, контрола и известување за целокупниот систем на плати и на бенефиции
  • подобрување на постојната систематизација на позиции и нивно стандардизирање според лидерски нивоа
  • евалуација на работни позициии и имплементација на соодветни програми за надомест (плата) и за бенефити, преку методолошки постапки и пристапи
  • развивање компаниска стратегија со систем за плати и препознатлив систем за бенефиции

- следење трендови на пазарот и проактивно преземање чекори за иновативни решенија за бенефити на вработените

- развој на програми за бенефиции и бонуси за експатријати и имплементација по претставништва

  • имплементирање на усогласеност на бизнис-процесите со перформанс менаџмент системот

- поставување клучни индикатори за успех (KPI) и метрика за оцена на успехот

- утврдување на KPI за целокупната функција човечки ресурси и нивно следење

  • учество во имплементација на моделот „Човечки ресурси како бизнис–партнер“
  • менторство на тимот, споделување на знаење и развој на постојниот тим

 

1.3. Специјалист за регрутација и за селекција – 1 (еден)

Цел и одговорност на работното место:

  • развивање стратегии за аквизација на таленти
  • развој на систем за планирање потреби од кадар на ниво на компанија
  • развивање и одговорност за имплементација на акциски план за регрутирање и за селекција за соодветните сектори, во согласност со планираните потреби
  • градење на брендот на компанијата како атрактивен работодавач и комуникација на брендот
  • регрутирање и селекција на кандидати
  • воведување во работата и следење на нововработените во првите 2 недели
  • детерминирање на клучните индикатори за успех (KPI) за целокупната функција и нивно следење
  • планирање, имплементација, контрола и известување за целокупниот систем

 

Како ќе ве препознаеме?

  • Проактивноста, креативност, ориентираност кон решенија, самоиницијативноста и отвореноста за идеи и споделување знаење ви се воочливи карактеристики
  • Имате завршено високо образование, а магистерски или специјалистички студии од областа на човечките ресурси што ќе се смета за предност
  • Подготвени сте за брз одговор кон зададените задачи и за работа со кратки рокови
  • Имате работно искуство во областа на човечките ресурси во наведените процеси, идеално доколку е во фармацевтска индустрија, претпочитано на специјалистичко ниво минимум 2 години
  • Претходно работно искуство како HR бизнис-партнер во интернационални компании ќе се смета за предност
  • Имате искуство во креирањето буџети за процесите на човечки ресурси
  • Имате искуство во имплементација на софтверски решенија за процесите на човечки ресурси
  • Познавање и способност за стратешко управување со промени, планирање и водење проекти
  • Имате општи познавања за фармацевтската индустрија и познавања за бизнис-трендовите
  • Способност за функционално влијание и за градење ефективни и доверливи врски на сите нивоа на лидерство
  • Вие сте високо мотивирана личност, со изграден интегритет, одговорност, трперливост и упорност во постигнување на целите
  • Самоуверени сте во работата со пакетот MS Office, особено со програмата MS Excel
  • Општо познавање на Законот за работни односи
  • Имате одлично познавање на англискиот јазик

Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за вработување на определено време од 3 (три) месеци до 1 (една) година, во зависност од искуството на кандидатот, со можност за негово продолжување.

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 7:30 до 15:30 ч. Неделното работно време е од понеделник до петок.

Предвидената основна нето-плата за позицијата варира и ќе зависи од работното искуство на кандидатот.

Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од Уверението за завршено потребно образование и копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]  со задолжителна назнака за позицијата за која се аплицира.

Вкупната големина на електронската апликација не треба да надминува 20 MB.

 

При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.

Огласот ќе биде отворен до 6.10.2019.

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а во согласност со членот 23 од Законот за работни односи.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »