Алкалоид АД Скопје
ЕМБС: 4053575
Индустрија: Здравство
Адреса: бул. Александар Македонски бр. 12
Град: Скопје
Основана во 1936
„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.
„Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 17 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, на Косово, во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, во Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, во Руската Федерација и во САД).
Друштвото брои 1.832 вработени во земјата и 539 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија.
Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.000 акционери, физички и правни лица.
Моментално нема активни огласи.