Надополнување на база на потенцијални кандидати

За компанијата: „Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско... повеќе за компанијата »

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Повеќе од осум децении со неуморна страст создаваме производи, кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека

 

ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ.

 

 

 

  Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визии за  личен успех; доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:

 

 

 

А Л К А Л О И Д   А Д   С К О П Ј Е

има потреба од редовно годишно надополнување на базата на потенцијални кандидати од следните образовни профили и/или искуства:

 

 

 

§   Магистри по фармација  – ВСС

§   Лабораториски биоинженери – ВСС

§   Хемиски инженери – ВСС 

§   Доктори по општа медицина – ВСС

§   Доктори по стоматологија – ВСС 

§   Апсолвенти на фармацевтски факултет

§   Апсолвенти на хемиски факултет

§   Технолошки инженери – ВСС

§   Машински инженери – ВСС 

§   Електротехнички инженери – ВСС

§   Инженери по информатика – ВСС

§   Специјалисти по човечки ресурси - ВСС

 

§   Фармацевтски техничари – ССС

§   Хемиски техничари – ССС 

§   Медицински техничари – ССС

§   ИТ-техничари – ССС

§   Електротехничари – ССС  

§   Машински техничари – ССС

§   Котлари - ССС

§   Бравари - ССС

§   Гимназиско образование и друго ССС-образование за општи работници во производство, во магацини и за одржување хигиена

 

 

 

Доколку сте заинтересирани да бидете дел од базата на потенцијални кандидати за работни позиции што би се отвориле во текот на годината, ве охрабруваме да аплицирате на еден од следните начини:

 

-       со достава на писмо за мотивација, кратка биографија (CV), копија од дипломата за завршено формално образование и на копија од сертификати и од други дипломи, на електронската пошта [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „За влез во базата на потенцијални кандидати“;

 

-       со креирање личен профил на следниот линк: https://career.alkaloid.com.mk

 

Вкупната големина на елктронската апликација не треба да надминува 20 MB.

 

АЛКАЛОИД АД Скопје го задржува правото да исконтактира со заинтересираните кандидати доколку се појави потреба во текот на годината.

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »