Во Стразбур во вторникот вечерта на пленарната сесија , европратениците го одобрија воведувањето дигитални зелени сертификати од 1 јули, објави денеска Европскиот парламент.
Иницијативата беше претставена од Европската комисија на 17 март, по што беше покрената итна постапка за воведување на сертификатите.
Цел на иницијативата е да воспостави униформни европски правила за прекугранично движење пред летната туристичка сезона, да ги зајакне патувањата и да предизвика економско закрепнување, со отстранување на сомнежите создадени од различен национален карантин, тестирање и други мерки.
Дигиталниот зелен сертификат, кој ќе се применува за период од 12 месеци, ќе служи како доказ на три работи. Дека лицето било заболено, примило доза или имало негативен тест во последните 72 часа.
Тоа нема да биде предуслов за слободно движење и нема да се смета за патна исправа.
Сертификатот ќе биде достапен во дигитална и хартиена форма и ќе содржи QR-код. Истиот ќе се издава бесплатно од националните власти.
Обезбедени се и 100 милиони евра за набавка на тестови за да се направи тестирањето достапно и прифатливо за граѓаните.
Доколку некои држави одлучат да воведат дополнителни ограничувања, Агилар истакна дека „тие мора да им го кажат тоа на граѓаните 48 часа однапред и 24 часа пред да стапат на сила овие мерки“.
Дидие Рејндерс, комесарот за правда на ЕУ, рече дека дигиталниот зелен сертификат е резултат на заедничката посветеност на трите институции за постигнување конкретни резултати за граѓаните на ЕУ.