Специјалист за социјални медиуми

За компанијата: „Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско... повеќе за компанијата »

АЛКАЛОИД   АД  Скoпje го објавува следното слободно работно место:

 

ОЕ Корпоративни служби – Оддел за маркетинг-комуникации
Специјалист за социјални медиуми – 1 (еден)

 

Потребни квалификации и вештини:

  • Задолжително е работно искуство од минимум 2 години во маркетинг агенција или во агенција за дигитални комуникации
  • ВСС – пожелно е кандидатот да има завршено Економски факултет – Маркетинг/Е-бизнис
  • Одлично познавање на работата во пакетот Microsoft Office (Excel, Word, Power Point).
  • Одлично познавање англиски јазик.
  • Ефективни copywriting способности за дигитални медиуми.
  • Одлично познавање на интернет-маркетингот и на социјалните мрежи
  • Креативност, проактивност
  • Високоразвиени интерперсонални и маркетинг-вештини
  • Максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти и почитување рокови

 

Цел и одговорност на работното место:

  • Водење на брендовите на социјалните медиуми
  • Креирање стратегии за социјални медиуми за брендовите
  • Изработка на комуникациски планови за брендовите
  • Следење и анализа на дигиталниот пазар/социјалните медиуми
  • Менаџирање на онлајн-заедниците и на репутацијата на брендовите
  • Креирање, следење и оптимизирање на кампањите за брендовите преку социјалните медиуми
  • Управување со веб-страниците на брендовите
  • Следење на најновите трендови и нивна имплементација во секојдневното работење

 

Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на договорот.

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 7:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

 

Предвидената основна нето-плата за позицијата е од 26.000 МКД до 35.000 МКД, во зависност од работното искуство на кандидатот.

 

Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: За оглас – 1.1.  Специјалист за социјални медиуми“.

 

При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со Членот 23 од Законот за работни односи.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »