СТРУЧНО-КОМЕРЦИЈАЛНИ ПРЕТСТАВНИЦИ - ТЕТОВО И СТРУМИЦА

За компанијата: „Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско... повеќе за компанијата »

Зошто Алкалоид?

Затоа што сме една од водечките фармацевтски компании во регионот, која постојано тежнее кон супериорен квалитет на производите, како и кон висока професионалност и континуиран успех. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ!

 

 

Бараме ДВАЈЦА СТРУЧНО-КОМЕРЦИЈАЛНИ ПРЕТСТАВНИЦИ за РЕГИОНИТЕ ТЕТОВО И СТРУМИЦА. Доколку сакате да бидете дел од тимот за промоции на модерна фармацевтска компанија, која се грижи за своите вработени, и доколку ги поседувате потребните квалификации, ПРИЈАВЕТЕ СЕ!

 

А Л К А Л О И Д   А Д  С К О П Ј Е

 

Како ќе ве препознаеме?

 

  • Имате завршено високо образование (магистер по фармација, стоматолог или доктор по медицина)
  • Имате искуство како стручно-комерцијален претставник (ќе се смета за предност)
  • Имате одлично развиени комуникациски и презентациски вештини
  • Поседувате возачка дозвола од Б-категорија и активно возите
  • Се одликувате со мобилност, студиозност, посветеност, трпеливост, со ориентираност кон детали, педантност, професионален однос, лојалност и со дискретност
  • Активно користите англиски јазик

 

 

Цели и одговорности на работното место:

 

  • секојдневна посета и комуникација со партнерите, со цел остварување и унапредување на планираните продажби во соодветниот регион
  • спроведување маркетинг-активности
  • учество на стручни собири и конгреси
  • анализа на продажби
  • следење и известување за активностите, одржување база на податоци и подготвување извештаи
  • интерна комуникација со продуктните менаџери и екстерна комуникација со соработниците (фармацевтите) во соодветниот регион и
  • постојано подобрување и континуирана иновативност во секојдневните работни активности

 

 

Што нудиме?

 

  • Можности за континуиран професионален и личен раст и развој
  • Компетитивни месечни приходи
  • Дополнителни бенефити за вработените
  • Дополнителни награди и придобивки во зависност од остварените цели

 

 

 

АПЛИЦИРАЈТЕ НА ЕДЕН ОД СЛЕДНИТЕ НАЧИНИ:

 

  • со испраќање писмо за мотивација, CV и копии од сертификати и од дипломи на електронската адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] (големината на прикачените документи да не надминува 20 МВ) или
  • со пополнување на виртуелната апликација на https://career.alkaloid.com.mk (со назнака за која работна позиција аплицирате)

 

Oгласот ќе трае до 28.09.2020

 

 

Во процесот на селекција ќе бидат вклучени само кандидатите кои ќе достават целосна документација и кои ги исполнуваат бараните услови. На интервју ќе бидат повикани само кандидатите што ќе влезат во потесен избор. 

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, во согласност со членот 23 од Законот за работни односи.

                                                                         

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »