АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ ГИ ОБЈАВУВА СЛЕДНИТЕ СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА

За компанијата: „Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско... повеќе за компанијата »

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Повеќе од 8 децении со неуморна страст создаваме производи што се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека

ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ.

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визии за личен успех; доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:

 

  А Л К А Л О И Д   А Д  С К О П Ј Е

 

ги објавува следните слободни работни места:

 

ОЕ Корпоративни служби – Информатичка технологија и телекомуникации

 

A)  Систем-администратор 1 (еден)

 

  1. Потребни квалификации и вештини
  • ВСС – Факултет за информатички науки (ФИНКИ, ФЕИТ или сличен домашен или странски факултет).
  • Работно искуство од минимум 2 години со Microsoft и со инфраструктурата VMware.
  • Искуство со поддршка на корисници и со проекти за примена/надградба на комплексна инфраструктура.
  • Искуство со тимска работа, работа со рокови и со поддршка на корисници.
  • Предност e систем-администраторско искуство во средна или во голема компанија, особено во информатичка компанија.
  • Предност се обуки за Microsoft (Windows Server, Exchange Server).
  • Предност е поседувањето сертификати (MCITP, MCP, MCSA, MCSE и други соодветни за позицијата).
  • Предност се познавањата и искуството од технологиите HPE, Symantec, Veritas и Backup-Restore.
  • Напредно познавање интернет-сервиси и Windows Office.
  • Активно користење англиски јазик (читање, пишување, говорење).
  • Пожелно е поседување возачка дозвола од Б-категорија.

 

  1. Цел и одговорност на работното место
  • Управување, поддршка, надградба и одржување на Windows и на инфраструктурата VMWare.
  • Системска поддршка на опрема (IT и процесна), сервиси, решенија и на корисници.
  • Грижа за непрекинато и за континуирано функционирање на системот; решавање проблеми, интервенции.
  • Корпоративно за фирми/локации/корисници од групацијата „Алкалоид“ (во и надвор од државата).
  • Работа на проекти со дефинирани рокови и ресурси.
  • Интерна (колеги/корисници) и екстерна (соработници/партнери) комуникација по хоризонтала и по вертикала.
  • Учество во изработката и во одржувањето интерна (техничка и валидациска) документација.
  • Континуирано усовршување.

ОЕ Корпоративни служби – Информатичка технологија и телекомуникации

B)  Мрежен-администратор – 1 (еден)

 

  1. Потребни квалификации и вештини
  • ВСС – Факултет за информатички науки (ФИНКИ, ФЕИТ или сличен домашен или странски факултет).
  • Работно искуство со мрежна инфраструктура од минимум 1 година:
    • Cisco, access/distribution layer (задолжително),
    • HPE datacenter layer (посакувано),
    • Microsoft network segment (посакувано) и
    • VMware network segment (опционално).
  • Работно искуство за безбедносни решенија (Layer 3/Application Firewall, south-north/east-west) од минимум 1 година.
  • Искуство со поддршка на корисници и со проекти за примена/надградба на комплексна инфраструктура.
  • Искуство со тимска работа, работа со рокови и со поддршка на корисници.
  • Предност e мрежно-администраторско искуство во средна или во голема компанија, особено во информатичка компанија.
  • Предност се мрежно-администраторски обуки (за Cisco, како и, евентуално, за HP, Microsoft, VMware…).
  • Предност е поседувањето сертификати.
  • Напредно познавање интернет-сервиси и Windows Office.
  • Активно користење англиски јазик (читање, пишување, говорење).
  • Пожелно е поседување возачка дозвола од Б-категорија.

 

  1. Цел и одговорност на работното место
  • Управување, поддршка и одржување на мрежните инфраструктури Cisco, LAN/WAN/MAN, Windows и Virtual.
  • Грижа за непрекинато и за континуирано функционирање на системот; решавање проблеми, интервенции.
  • Корпоративно за фирми/локации/корисници од групацијата „Алкалоид“ (во и надвор од државата).
  • Одржување, мониторирање и документирање на инфраструктурите Cisco, LAN/WAN/MAN, Windows и Virtual.
  • Работа на проекти со дефинирани рокови и ресурси.
  • Интерна (колеги/корисници) и екстерна (соработници/партнери) комуникација по хоризонтала и по вертикала.
  • Учество во изработката и во одржувањето интерна (техничка и валидациска) документација.
  • Континуирано усовршување.

ОЕ Корпоративни служби – Информатичка технологија и телекомуникации

B)  Апликативен администратор – 1 (еден)

 

  1. Потребни квалификации и вештини
  • ВСС – Факултет за информатички науки (ФИНКИ, ФЕИТ или сличен домашен или странски факултет).
  • Работно искуство со ERP-решение (предност би било SAP) од минимум 1 година.
  • Искуство со поддршка на корисници и со проекти за примена/надградба на ERP–решенија.
  • Искуство со тимска работа, работа со рокови и со поддршка на корисници.
  • Предност e апликативно искуство во средна или во голема компанија, особено во информатичка компанија.
  • Предност се апликативни обуки за ERP-решенија и за алатки (како што се SAP ABAP, ASP.net, C#...).
  • Предност е поседувањето сертификати.
  • Напредно познавање интернет-сервиси и Windows Office.
  • Активно користење англиски јазик (читање, пишување, говорење).
  • Пожелно е поседување возачка дозвола од Б-категорија.

 

  1. Цел и одговорност на работното место
  • Учество во поддршка, надградба и во одржување ERP–решенија.
  • Апликативно-администраторска поддршка на сервиси, решенија и на корисници.
  • Грижа за непрекинато и за континуирано функционирање на системот; решавање проблеми, интервенции.
  • Корпоративнa поддршка за фирми/решенија/корисници од групацијата „Алкалоид“ (во и надвор од државата).
  • Работа на проекти со дефинирани рокови и ресурси.
  • Интерна (колеги/корисници) и екстерна (соработници/партнери) комуникација по хоризонтала и по вертикала.
  • Учество во изработката и во одржувањето интерна (техничка и валидациска) документација.
  • Континуирано усовршување.

 

 

Работниот однос за секоја од позициите првично се заснова со Договор за вработување на определено време од 6 (шест) месеци до 1 (една) година, во зависност од искуството на кандидатот, со можност за продолжување на Договорот.

 

Дневното работно време за оваа позиција е 8 часа, со почеток од 7:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

 

Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од Уверението за завршено потребно образование и копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

 

со назнака  „За оглас (ја наведувате позицијата систем-администратор или мрежен администратор или апликативен администратор)

 

Вкупната големина на електронската апликација не треба да надминува 20 MB.

 

При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.

 

Само кандидатите кои ќе достават целосна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.

                                                                         

Огласот ќе биде отворен до 10.7.2020 година.

 

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, во согласност со членот 23 од Законот за работни односи.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »