Стручно Комерцијален Претставник

За компанијата: „Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско... повеќе за компанијата »

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД, постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Веќе 8 децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец

затоа што веруваме дека

 

ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ...

 

 

Доколку имате желба да бидете дел од тимот креативци и да ги остварите своите амбиции, доколку имате визија за својот личен успех, желба да покажете дека сте единствени, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и доколку размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најуспешните компании во регионот, со внимание проследете го овој оглас.

 

А Л К А Л О И Д   А Д  С К О П Ј Е

 

го објавува следното слободно работно место:

 

1. ПЦ Фармација – Продажби – Фармација – регион Македонија

1.1. Стручно комерцијален претставник  – 2 (две)

 

 

Потребни квалификации и вештини

 

  • ВСС – Фармација.
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини.
  • Активно користење англиски јазик (читање, пишување, говорење).
  • Мобилност, студиозност, посветеност, трпеливост, ориентираност кон детали.
  • Желба за учење и за надградба.
  • Ентузијазам, педантен и професионален однос, лојалност и дискреција.
  • Задолжително поседување возачка дозвола од Б-категорија и активно возење. 

 

Цел и одговорност на работното место

 

  • Секојдневно посетување на партнерите и комуникација со нив, со цел остварување и унапредување на планираните продажби во регион Скопје и во други градови по потреба.
  • Спроведување маркетинг-активности.
  • Учество на стручни собири и на конгреси.
  • Анализа на продажби.
  • Следење на активностите, известување за нив и подготвување извештаи.
  • Одржување на базата на податоци.
  • Интерна комуникација со продуктни менаџери и екстерна комуникација со соработници (фармацевти) во соодветниот регион.
  • Постојано подобрување и континуирана иновативност во секојдневните работни активности, со цел зголемување на индивидуалните и на компаниските остварени резултати и грижа за угледот на компанијата.

 

Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 7:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

 

Предвидената основна нето-плата за позицијата е од 15.400,00 МКД до 26.565,00 МКД, во зависност од работното искуство на кандидатот.

 

Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта:

 

[најави се за да го видиш е-маилот]

 

со назнака: За оглас – Стручно комерцијален претставник“.

 

При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.

 

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.

 

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со членот 23 од Законот за работни односи.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »