НАДОПОЛНУВАЊЕ НА БАЗА НА ПОТЕНЦИЈАЛНИ КАНДИДАТИ

За компанијата: „Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско... повеќе за компанијата »

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Повеќе од осум децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека

ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ.

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визии за  личен успех; доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:

 

А Л К А Л О И Д   А Д   С К О П Ј Е

има потреба од редовно годишно надополнување на базата на потенцијални кандидати од следните образовни профили:

 

ВСС-образование:                                                                                 

  • магистри по фармација  / дипломирани фармацевти
  • дипломирани лабораториски биоинженери
  • дипломирани хемиски инженери
  • дипломирани инженери технолози
  • доктори по општа медицина
  • доктори по стоматологија.

 

Кандидатите би можеле да бидат повикани за потребите на следниве оддели:

  • Истражување и развој – Фармација
  • Контрола на квалитет – Фармација
  • Контрола на квалитет – Билка
  • Регулаторни работи
  • Фармаковигиланца
  • Обезбедување квалитет
  • Медицински маркетинг
  • Бизнис развој
  • Продажби - Фармација
  • Производство - Фармација
  • и други оддели, по потреба.

 

Доколку сте заинтересирани да бидете дел од базата на потенцијални кандидати за работни позиции што би се отвориле во текот на годината, ве охрабруваме да аплицирате на еден од следните начини:

 

  • со достава на писмо за мотивација, кратка биографија (CV), копија од дипломата за завршено формално образование и на копија од сертификати и од други дипломи, на електронската пошта [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „За влез во базата на потенцијални кандидати“;

 

 

Вкупната големина на електронската апликација не треба да надминува 20 MB.

АЛКАЛОИД АД Скопје го задржува правото да исконтактира со заинтересираните кандидати, доколку се појави потреба во текот на годината.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »