АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ ги објавува следните слободни работни места

  • Објавен пред еден месец
  • Alkaloid AD Skopje
  • Активен до 19.09.2019
  • Позиција: Доктор и медицински персонал
  • Локација: Скопје

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Повеќе од 8 децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека

 

ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ.

 

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визии за свој личен успех; доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:

 

А Л К А Л О И Д   А Д  С К О П Ј Е

 

ги објавува следните слободни работни места:

  1. Оддел: ПЦ Фармација – Производство – фармација
  2. Позиција:

2.1. помлад раководител на смена во Производство – цврсти форми, број на извршители – 6 (шест)

2.2. помлад раководител на смена во Производство – цефалоспорини, број на извршители – 1(еден)

Како ќе ве препознаеме?

  • Имате завршено високо образование: магистер по фармација / дипломиран фармацевт
  • Имате основни познавања од производниот процес
  • Имате основни познавања на документацијата од Системот за квалитет (стандардни оперативни постапки за процесите и работа со машините и со опремата)
  • Подготвени сте за брз одговор кон зададените задачи и за работа со кратки рокови
  • Се одликувате со точност, прецизност и со педантност во работењето, со посебна грижа кон почитување на стандардите за безбедност и за здравје при работа
  • Самоуверени сте во работата со пакетот MS Office
  • Имате одлично познавање на англискиот јазик

Цел и одговорност на работното место:

  • Изведување активности за организација на работата во смени и контрола на производните процеси: вагање, процесна контрола, гранулација, таблетирање, капсулирање), со цел навремено производство на квалитетен и безбеден фармацевтски производ, во согласност со Интегрираниот систем за квалитет, животна средина, безбедност и за здравје при работа
  • Активно учество во изработката на документација поврзана со процесите (сопови, мастер протоколи) и грижа за употреба и за нивно функционирање
  • Проверка на севкупната производна документација која го сочинува производното досие за еден производ и нејзино потпишување
  • Изведба на САП-трансакции за материјално работење и изработка на извештаи за анализа на материјалите што се употребуваат во процесот на производство
  • Организација и контрола на постапката за транспорт на суровини, материјали и на контактна амбалажа од магацинот за репроматеријали до производното одделение
  • Континуирана интерна комуникација со другите релевантни оддели: Сервис, Контрола на квалитет, Обезбедување квалитет, Логистика и др.

Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за вработување на определено време од 3 (три) месеци до 1 (една) година, во зависност од искуството на кандидатот, со можност за продолжување на договорот.

 

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, во две смени, со почеток од: прва смена – 6:00 или 6:30 часот и втора смена –  14:00 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

По потреба може да се организира и работа во сабота и работа во трета смена.

 

Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира од 19.562 МКД до 36.531 МКД, со можност за континуирано напредување, а ќе зависи од работното искуство на кандидатот.

 

Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од Уверението за завршено потребно образование и копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта:career@alkaloid.com.mk

со назнака  „За оглас - помлад раководител на смена во Производство – цврсти форми и / или

                        „За оглас - помлад раководител на смена во Производство – цефалоспорини

 

Вкупната големина на електронската апликација не треба да надминува 20 MB.

При изборот на најповолен кандидат, ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.

                                                                         

Огласот ќе биде отворен до 19.9.2019.

 

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, во согласност со членот 23 од Законот за работни односи.

 

КЛИКНИ