Работник во производство

За компанијата: „Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско... повеќе за компанијата »

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД, постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го сочуваме овој скапоцен подарок на природата. Поеќе 8 децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец, затоа што веруваме дека  ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ...

 

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим, да ги остварите своите амбиции и визија за својот личен успех, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:

 

А Л К А Л О И Д   А Д  С К О П Ј Е

 

го објавува следното слободно работно место:

 

  1.       ПЦ Фармација – Производство Фармација
    1. Работник во производство – 15 извршители

 

Потребни квалификации и вештини

  • ССС – фармацевтски техничар, хемиски техничар, процесно производен техничар, гимназија
  • Работно искуство во производство, ќе се смета за предност
  • Способност за тимска работа и работа под притисок
  • Иницијативност и подготвеност за учење
  • Педатност, прецизност и максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти и почитување рокови

 

Цел и одговорност на работното место

 

  • Комплетно изведување на процесите на производство и пакување, со цел добивање на квалитетен производ
  • Припрема за работа и контрола на производната опрема во тек на работата
  • Машинско и рачно пакување на готов производ и припрема на амбалажа за пакување
  • Припрема и чистење на машините, работните места и просториите пред и по завршување на работа
  • Водење записи за активностите

 

 

Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, во три смени, со почеток од: прва смена од  6:00 до 14:00 часот, втора смена од 14:00 – 22:00 часот и трета смена од 22:00 – 06:00 час.

 

Неделното работно време е од понеделник до петок, со можност за работа во сабота, согласно потребите од производство.

 

Предвидената основна нето-плата за позицијата е од 12.936 МКД до 25.102 МКД, во зависност од работното искуство на кандидатот.

 

Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта:

 

[најави се за да го видиш е-маилот]

 

со назнака: За оглас – Работник во производство – Фармација

 

При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.

 

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.

 

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.

 

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со Членот 23 од Законот за работни односи.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »