Оператор на машина

За компанијата: Американската компанија ,,АРЦ Аутомотив’’ е светски производител кој произведува целосна програма на автомобилски инфлатори за воздушни перничиња (возач, патници, странични завеси). Компанијата има 60 -годишна историја. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

ARC автомобилската индустрија, АД е глобален лидер во дизајн, развој и производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња. Со 70 годишно искуство  на дизајн, експертиза и технологија, ARC е посветена на обезбедување на клиентите со иновативни, високо квалитетни производи,

 АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје бара да вработи:

  1. Оператори на машина

Оператор на машина ќe биде дел од тимот на производство. Преку дефинирани задачи, ќе придонесува за оптимално функционирање на целиот процес на производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња со целосно ангажирање за заедничко извршување на задачите и грижа за заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа. Притоа треба да развива добри односи со вработените и  да биде отворен за нови знаења.

 Основна нето плата  изнесува 17.500,00 МКД.

Месечната нето плата согласно исплатените додатоци на плата (работа во трета смена...) изнесува од 20.000,00 МКД до 24.000.00 МКД.

Работата се извршува во три смени со обезбеден топол оброк во сите смени и организиран превоз од местот на живеење до просториите на компанијата.

Квалификации на кандидатите:

  • IV степен на стручна подготовка (техничко училиште), Работно искуство од 1 до 3 години во производствена средина
  • Способност да ги разбира да ги следи и применува инструкциите во процесот на производство
  • Висока посветеност на постигнување на бараниот квалитет на производот
  • Да ракува со производствените машини со бараната стапка на продуктивност

Конкурентски предности

  • Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
  • Организациски способности
  • Динамичност, мотивираност, иницијативност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Тимско работење и кооперативност

Кандидатите треба да ја приложат следнава документација

1, Мотивациско писмо за аплицирање на огласот;

2, Биографија (CV);,

3, Доказ за завршено образование;

4. Дополнителни дипломи и сертификати.

Кандидатите треба да ги исполната и општите услови предвидени со Закон.

 АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје обезбедува  еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува сите соодветно квалификувани кандидати, без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување .

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »