ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР – Надзор при Изведба

За компанијата: Eurovia ДООЕЛ е една од водечките компании во областа на градежништвото во Македонија. По семејна традиција на успешно работење во областа на градежништвото, компанијата "ЕУРОВИА" е основана во 2010 година.... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 7.2018
  • EUROVIA
  • Активен до 17.07.2018
  • Позиција: Инженер и технолог
  • Локација: Тетово
  • Телефон: +38971424000
  • Веб: www.eurovia.mk

ДГТУ ЕУРОВИА ДООЕЛ со седиште на Автопат Е65 Мајка Терезa, Бензинска Пумпа ЛУКОИЛ 2 - Спрат, Тетово, една од водечките компании во Македонија со долгогодишно искуство на полето на градежништво, логистика, и трговија со градежни материали, објавува оглас за вработување за позицијата:

ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР – Надзор при Изведба

Главни одговорности:

•    Раководење, обезбедување и координирање на проекти и усогласување, контрола и синхронизација на сите фази на изведба.

•    Во    текот    на    извршувањето    на    договорените    работи    контактира    со инвеститорот,надзорните органи, подизведувачите и државни органи и презема соодветни активности во зависност од природата на укажаните потреби;

•    Навремено   обезбедување   на   потребните   ресурси   (работна   сила,   опрема   и материјали) од почеток до крај со внимание на буџетските ограничувања.

       •   Надгледување на развојот на проектот и да им даде насоки кога е потребно

       •   Оценка  на  напредокот  и  подготвување  на  детални  извештаи  за  Управителот  и

Инвеститорот.

       •   Обезбедување на придржување кон сите здравствени и безбедносни стандарди.

•    Познавање  на  оперативни  практики  на  градење  и  следење  на  стандардите  и нивните промени

       •   Оперативни и административни обврски врзани за тековното работење.

 

Потребни комуникациски вештини:

•   Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети

•   Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија

•   Способност за тимска работа

•   Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност

•   Способност за работа под притисок и во дадени рокови

 

Потребни квалификации:

 

•   ВСС – Градежен факултет – Градежен инженер со овластување А за изведба или Б за изведба.

•   Искуство во релевантни проекти од споредлива природа и степен на сложеност во својство на Граджен инженер – Надзор за изведба (изградба / реконструкција на комерцијални, станбени и / или јавни згради; мостови; јавни патишта)

•   Одлично   познавање   на   AutoCad,   ArchiCad   и   апликациите   од   MS   Office   пакетот

 

 

Сите  заинтересирани  кандидати  кои  сметаат  дека  имаат  вештини  и  знаење  за  оваа позиција, треба да испратат свое мотивациско писмо и професионална биографија (CV) на: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака "Градежен инженер – Надзор за изведба ".

Краен рок за пријавување: 17.07.2018

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »