КОНТРОЛОР ЗА КВАЛИТЕТ – ИНТЕРЕН АУДИТ

За компанијата: Eurovia ДООЕЛ е една од водечките компании во областа на градежништвото во Македонија. По семејна традиција на успешно работење во областа на градежништвото, компанијата "ЕУРОВИА" е основана во 2010 година.... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 5.2019
  • EUROVIA
  • Активен до 18.05.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Тетово
  • Телефон: +38971424000
  • Веб: www.eurovia.mk

(преземи го огласот како PDF)

Друштво за градежништво, трговија и услуги ЕУРОВИА ДООЕЛ со седиште во Желино, Тетово - една од водечките компании во Македонија со долгогодишно искуство на полето на градежништво, логистика,  и трговија со градежни материjали, со единствена цел остварување на високо професионален однос со клиентите, нудејќи навремено и прецизно извршување на услуги и комплетна посветеност кон она што го работи, со цел зајакнување на нашиот тим .

За наши/свои потреби го распишува/ме следниот оглас:

 

Контрола на квалитет (Интерен аудит) го извршува и го контролира целосниот работен и процес на ревизија преку проценка на процесите за управување со ризик, контролата на ефективноста на работењето, финансиската сигурност и усогласеноста со сите применливи директиви и правила, во интерес на исполнување на деловните цели на компанијата

 

 

КОНТРОЛОР ЗА КВАЛИТЕТ – ИНТЕРЕН АУДИТ

 

Квалификации на кандидатот:

  • ВСС – Економски факултет, Правен или  Бизнис администрација
  • Работно искуство од најмалку 3 години во областa на аудити на корпорациски системи за квалитет
  • Знаење на стандардите, процедурите за ревизија, законите, правилата и регулативата
  • Одлично познавање на апликациите од MS Office пакетот
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Познавање на англиски јазик

 

 

Главни одговорности:

 

  • Одржување и унапредување на постоечкиот систем за квалитет и имплементирање на нов систем за квалитет.
  • Активно учествува во изработка на Документи, процедури, политики и правила на корпорацијата
  • Спроведување на План за ревизија на Стандардни Оперативни Процедури
  • Имплементација и следење на имплементација на новитет во корпорацијата
  • Обезбедува внатрешни прописи и воспоставува контролен протокол.
  • Изготвува План за ревизија за сите оддели на корпорацијата
  • Испитува документација, вклучувајќи извештаи, изјави, записи и белешки.
  • Подготвува извештаи и ги анализира резултатите од ревизијата за да се утврдат методите за зголемување на профитот и намалување на непотребните трошоци, зголемување на продуктивноста.
  • Идентификација на неправилности во работењето и препорака за мерки за отфрлање на ризикот и заштеда на трошоците.
  • Ги проценува најдобрите финансиски практики за една организација и дава релевантни, информирани предлози
  • Работи со тим за постигнување на целите на компанијата
  • Обезбедување на објективни совети и насоки за менаџерите и вработените на сите нивоа

 

Личен профил:

  • Способност за тимска работа
  • Организациски и аналитички способности
  • Доверлива личност
  • Силни етички стандарди и високо ниво на интегритет

 

 

Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да ја испратата својата  професионална биографија (CV) на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака "Контрола на квалитет – Интерен Аудит".

 

Краен рок за пријавување е 24.05.2019.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »