Бојадисувач/Фарбар

  • Објавен пред 4 дена
  • Wabtec MZT
  • Активен до 06.11.2024
  • Позиција: Оператор во производство/машина
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/2581-392
  • Веб: www.wabtec.com

Активни огласи од Wabtec MZT:

ОПЕРАТОРИ НА CNC МАШИНА

Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, поради проширување на својот тим во секторот Производство има потреба од:

                                                                  БОЈАДИСУВАЧИ / ФАРБАРИ

За позицијата:

Извршува операции на бојадисување

Главни одговорности:

  • Одредува, обезбедува и подготвува потребна опрема и алат за спроведување на работниот налог
  • Врши операции на бојадисување (одмастување, подготовка на боја, изолирање, бојадисување, китирање)
  • Подредува, сортира, пакува и обележува алати, материјали, делови и готови производи
  • Собира, сортира и соодветно отстранува отпад од производните хали, опасниот отпад го   селектира и го одложува  на  местото   означено  за  опасен  отпад .
  • Врши проверка и одговара за квалитетот на деловите или материјалите на кои работи
  • Редовно ги одржува и чисти средствата за работа, машините и алатите што ги користи

Потребни квалификации:

  • Средно образование
  • Со или без искуство во фарбање
  • Подготвеност за работа во смени

Нудиме:

  • Компетитивни редовни месечни примања во зависност од знаењата и искуството
  • Обезбеден оброк за вработените со избор од понудено мени
  • Редовно покачување на платата
  • Платени сите задолжителни додатоци и надоместоци според закон (прекувремена, сменска, ноќна работа, 13-та плата и др.)
  • К-15 во износ од 30.000 денари
  • Бонус за препорака на вработен
  • Ваучери за Нова Година, 8ми Март, новогодишни пакетчиња
  • Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој
  • Програма за купување со попуст и на рати во одредени компании
  • Учество на бројни спортски настани и Тим Билдинг активности
  • Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина
  • Пријатна и безбедна работна средина

Вашето CV испратете го на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Контакт телефон за повеќе информации: 02/2581-362

* Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.

** Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на ВАБТЕК МЗТ АД Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »