ОПЕРАТОРИ НА CNC МАШИНА

  • Објавен пред 4 дена
  • Wabtec MZT
  • Активен до 06.11.2024
  • Позиција: Електро-машински техничар/Техничар
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/2581-392
  • Веб: www.wabtec.com

Активни огласи од Wabtec MZT:

Бојадисувач/Фарбар

Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, поради проширување на својот тим во секторот Производство има потреба од:

 

                                                                    ОПЕРАТОРИ НА „CNC МАШИНА

 

За позицијата:

Врши машинска обработка на делови и склопови

Главни одговорности:

  • Нагодува CNC машина
  • Врши машинска обработка на делови на CNC машина
  • Чита и применува техничка документација
  • Изработува пробно парче, го доставува на контрола и по потреба спроведува корекции
  • Врши проверка, визуелна и со мерење на изработените парчиња и одговара за квалитетот и количината на изработката
  • Ја надгледува работата на машините, открива и пријавува неисправности во функционирањето на машината
  • Врши редовно одржување на машините и опремата (чистење и подмачкување)

Потребни квалификации:

Образование од технички струки (машински инженер, машински техничар и слично)

Искуство со работа на CNC машини или работа во производство

Познавање на техничка документација и технички цртеж

Подготвеност за работа во смени

Нудиме:

  • Компетитивни редовни месечни примања во зависност од знаењата и искуството
  • Обезбеден оброк за вработените со избор од понудено мени
  • Редовно покачување на платата
  • Платени сите задолжителни додатоци и надоместоци според закон (прекувремена, сменска, ноќна работа, 13-та плата и др.)
  • К-15 во износ од 30.000 денари
  • Бонус за препорака на вработен
  • Ваучери за Нова Година, 8ми Март, новогодишни пакетчиња
  • Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој
  • Програма за купување со попуст и на рати во одредени компании
  • Учество на бројни спортски настани и Тим Билдинг активности
  • Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина
  • Пријатна и безбедна работна средина

Вашето CV испратете го на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Контакт телефон за повеќе информации: 02/2581-362

*Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју. 

**Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на ВАБТЕК МЗТ АД Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »