Карактеристики
| Објавено во | Друго - Останати огласи |
---|
| Цена | 45.000 MKD |
---|
| Локација | Скопје - Карпош |
---|
Опис на огласот
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува оглас за вработување менаџер/ -ка во Прв семеен центар на град Скопје во Скопје, на определено време за период 15 мај до 31 декември 2022 година, со можност за продолжување на работниот ангажман.
Опис на ангажман:
Менаџер/-ка во Прв семеен центар (ПСЦ) е одговорен/-на за следните работни задачи:
- целокупно менаџирање на работата во сервисот Прв семеен центар
- врши интервјуа при прием на клиенти со цел собирање основни демографски информации, информации за проблемот, факторите кои придонеле за истиот, перцепција за помошта која се бара, врз основа на што прави проценка и го одредува критериумот за вклучување на клиентите во програмата на ПСЦ
- отвора и води досие за корисникот/-чката и друг/и член/ови на семејството/партнерството и го раководи случајот на корисникот/-чката кои добиваат услуги во ПСЦ
- учествува на состаноците за интервизија со останатите даватели на услуги од ПСЦ организира теренска работа и придружува клиенти до институциите и организациите кога тоа е потребно за клиентите
- соработува со граѓанските организации и државните институции со кои ХЕРА има потпишано Меморандум на соработка за препраќање на клиенти во ПСЦ, но и со потенцијалните идни соработници од граѓанскиот и државниот сектор, според потребите на корисниците на сервисот
- учествува во подготовка на наративни извештаи за активностите на ПСЦ и спроведување на проектните и стратегиски индикатори на организацијата
- учествува во внесот на податоци во електронската база на податоци на ХЕРА и анализа поврзана со дадените услуги и опфатот на клиенти во сервисот
- учествува во администрирање на промотивната страна за ПСЦ на социјалните медиуми и учествува во промоција на сервисот
- учествува во иницијативи на организацијата од областа на родово базираното и семејно насилство, по проценка и координација со супервизорот/-ката и програмската директорка
Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено високо образование (дипломиран/-а психолог/-инка или дипломиран/-а социјален работник/-чка)
- Најмалку 2 годишно професионално искуство во работа со жртви/преживеани на родово базирано и семејно насилство
- Солидни познавања на закони, политики и програми поврзани со родово базираното и семејното насилство
- Основни познавања на Microsoft office
- Солидни познавања на англискиот јазик
- Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување
- Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност
- Сензибилизираност за работа со маргинализирани и социјално- исклучени групи на граѓани
За предност ќе се смета:
- Работно искуство во граѓанскиот сектор
- Повеќегодишно работно искуство на спроведување програми поврзани со родово засновано и семејно насилство
- Работно искуство на работа со маргинализирани и социјално-исклучени групи на граѓани
За оваа работна позиција е предвиден месечен надоместок врз база на договор на определено време, со последователна можност за склучување на договор и на неопределено време, со основна бруто плата од 39.000,00 - 45.000,00 ден. Конечниот надоместок ќе биде утврден врз основа на квалификациите и претходното работно искуство. Работното време е 35 часа во неделата. Н