Карактеристики
| Објавено во | Недвижности - Куќи |
---|
| Цена | 130.000 € цената е фиксна |
---|
| Локација | Скопје - Ѓорче Петров |
---|
| За живеалиштето | Паркинг / гаража Самостојна куќа
|
---|
| Број на соби | 7 |
---|
| Површина (во m²) | 247 |
---|
| Греење | Струја |
---|
| Адреса | ул. Мијачка |
---|
| Број на спратови | 3 спрата |
---|
Опис на огласот
Се продава куќа во населба Ѓорче Петров, на ул „Мијачка“
Се наоѓа на мирна локација, на површина од 203 м2 од кои 119м2 земјиште по објект и 84м2 двор. Поседува вкупна станбена површина од 247 м2.
Од страната од улицата поседува две паркинг места, а од задната страна двор со површина од 40 м2.
Куќата е изградена на три нивоа :Приземје со површина од 80м2, Кат1 со површина од 83 м2 и 10м2 тераса, како и Поткровје со површина од 74м2.
- Приземјето се состои од : голема дневна соба, посебна просторија за кујна и трпезарија, спална соба, остава (во која е сместен систем за парно греење кое може да се комбинира на струја и нафта), како и ходник од кој се пристапува до дворот во задниот дел на објектот;
- Кат1 се состои од : голема дневна соба, кујна, три спални соби и бања;
- Поткровјето е отворен простор од 74 м2 и може да се уреди по желба;
Куќата е потребно да се реновира. Низ целата куќа има паркет кој е во добра состојба, дрвени прозори и парно греење кое може да биде и на струја и на нафта. Струјата и водоводот во куќата се во добра состојба.