Se prodava WEB APLIKACIJA

1 MKD

цената НЕ е фиксна

Карактеристики


Објавено воРабота и бизнис - Отстапување на разработен бизнис
Цена1 MKD
ЛокацијаСкопје - Центар

Опис на огласот


Се продава start-ap бизнис, односно компанија која има развиено веб апликација за огласување и продажба на возила и механизација по пат на онлајн аукции. Проектот е финансиран од ФИТР.

Апликацијата е софтверски комплетно завршена, со брендирање и социјални мрежи како и материјал за реклами. Истата беше хостирана и тестирана.

iBid Auctions е првата веб страна во Македонија за огласување и онлајн продажба на возила и механизација по пат на онлајн аукции.

На истата може да се огласува во следниве категории:
• Автомобили
• Мотори
• Возила од тешка категорија:
- Камиони и комбиња до 7.5 тони
- Камиони над 7.5 тони и влекачи
- Автобуси
• Приколки
• Кампинг возила и приколки
• Градежни машини и опрема
• Земјоделски машини и опрема
• Индустриска опрема

Покрај стандардното огласување на платформа има и можност за онлајн продажба на возила преку разни маркетинг алатки кои имаат големо значење во забрзувањето на процесот на продажба, и тоа:

Огласот со ‘Купи веднаш’ опција им озвозможува на заинтересираните купувачи веднаш да го купат предметот по огласената цена без дополнителни преговори.

Аукцискиот модул е одлична маркетинг алатка за систематизирано преговарање на цената, при што секој заинтересиран купувач поставува понуда во рамките на своите можности.

Веб апликацијата е развиена по европски стандарди на веќе постоечките веб страни за продажба на возила по пат на аукции низ европа. Истата има dash board за секој корисник од каде со многу лесен приказ корисникот може да ги следи своите огласи, аукции и наддавања.

Покрај веб апликацијата бизнис планот на компанијата е целосно посредништво помеѓу купувачите и продавачите на пазарот за моторни возила и градежна механизација. Апликацијата е само дополнителна алатка на компанијата за дигитализација на целиот процес.

Приходите се состојат од огласување но и провизија за склучени купопродажби преку нас, како процент од достигнатата продажна цена.

ЗА ДЕТАЛЕН БИЗНИС ПЛАН, ПРИКАЗ НА ПРИХОДИ И ТРОШОЦИ КАКО И ЦЕЛАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПО КОЈ ПРИНЦИП ФУНКЦИОНИРА РАБОТЕЊЕТО СЛОБОДНО КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ.

ЦЕНАТА Е ДОСТА ПРИФАТЛИВА.

Се продава од лични причини на сопствениците.

барај огласи за вработување » барај останати огласи »