Промовирани огласи »

Wizz Air ќе ги обнови летовите на последните шест линии од скопската база кои останаа во прекин долго време бидејќи скопскиот аеродром врши реконструкција на својата единствена писта. Нискобуџетниот превозник ќе ги продолжи летовите за Бремен на 30-ти мај, за Будимпешта и Малта на 1-ви јуни, за Ваксјо на 2-ри јуни и за Болоња на 3-ти јуни. Летовите за Торино исто така ќе започнат на 1-ви јуни. Летовите на сите шест линии ќе сообраќаат двапати неделно во текот на летната сезона.

Wizz Air наскоро планира да го зголеми бројот на летовите до Билунд, Турку и Нирнберг двапати неделно, до Берлин, Копенхаген и Фридрихсхафен три пати неделно, до Келн и Гетеборг четири пати неделно, до Малме пет пати неделно и до Базел на 10 пати неделно во наредниот период.

Авиокомпанијата распореди пет авиони во базата во Скопје, од кои три се Ербас А321 со капацитет од 230 седишта, а другите два се Ербас А320 со капацитет од 180 седишта.

Компанијата планира оваа летна сезона да склучи нов договор за субвенции со македонската Влада и да ги врати летовите од Скопје до Хановер, Барселона и Ларнака како и од Милано Малпенса до Охрид. Предвидени се и три нови линии од Скопје, неофицијално се размислува за Прага, Сплит и Марибор.

Промовирани огласи »

Денеска во просториите на Министерството за економија се одржа доделување на национална награда за 2021 година за најдобри општествено-одговорни практики на македонските претпријатија, во организација на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата.
Во голема конкуренција, А1 Македонија се закити со неколку награди и признанија.

Во категоријата Етичко управување, А1 Македонија е добитник на наградата за проектот “The new normal”, како и на признанијата за проектот “Интернетот не е само игра...Кликај безбедно!”во категоријата Вложување во заедницата, за проектот “A1 Future Hub” во категоријата Однос кон вработените како и на признанието за проектот “The new normal” за најуспешна практика во справување со последиците од кризата предизвикана од ковид-19.

Честитки до тимот на А1 Македонија!

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Пресметките кои ги спроведе ADAC се темелат на просечен период за одржување од пет години, со годишна километража од 15.000 км.

Едно од клулќните прашања за електричната мобилност е, дали компактните автомобили на струја како „волксваген ID.3“ е поевтин за возење од „голф“? Конкретните модели се земени како пример, но трошоците за купување и одржување се она што ги мачи потенцијалните купувачи.

Германскиот авто-клуб ADAC ги стави сите трошоци на хартија и го прогласи победникот.

Повисоките трошоци за купување електричен автомобил во германија (ID.3 36.960 евра, „голф“ бензинец 32.460 евра) се надокнадуваат со други трошци како што се осигурување, данок на возилото, трошоци за одржување и поправки, трошоци за гориво и струја.

Во вкупната пресметка забележителни се релативно пониски трошоци за одржување и работа на електричните автомобили. VW ID.3 чини 47,2 центи по километар, а „голф“ е речиси 10 центи поскап односно 56,9 центи по километар.

ID.3 на крај испаѓа поевтин. Ако се земе предвид и германскиот еколошки бонус при купувањето ID.3 од 9.000 евра, кој сепак би требало да се намали во наредните години – купувањето електричен автомобил испаѓа околу 5.000 ерва поевтин од бензинец.

Тоа, итсто така, влијае на губитокот на вредност на возилото, кој е помал и според ADAC, најголем фактор во трошоците.

Пресметките кои ги спроведе ADAC се темелат на просечен период за одржување од пет години, со годишна километража од 15.000 км. Со оглед на тоа дека цените на горивата во моментот варираат, за анализа е користен просекот од последните три месеци во Германија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »