На 25 ноември лани АЕК објави тендер за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г, но беше прекинат по постапката на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) откако беше поднесена претставка на една од заинтересираните страни, во која се тврди дека со дел од понудените услови за влез на нов мрежен оператор се нарушува конкуренцијата на пазарот.
Неотел, А1 Македонија и Македонски Телеком до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) доставиле писма за искажување интерес на објавената намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно нададавање.
АЕК на 6 април објави намера за спроведување постапка за тендерот, а јавната расправа за таа намена траеше до 13. месецов.
Во пресрет на претходниот тендер писма за интерес за учество по објавата на АЕК на 1 јуни годинава доставија компаниите Неотел, Битстрим Мобиле, Македонски телеком и А1 Македонија.
Број на активни претплатници во мобилна телефонија заклучно со крајот на 2021 година изнесуваше 1.941.352. Последната анкета на АЕК покажува дека најголем дел од корисниците на мобилната телефонија или 96,3 проценти имаат паметни телефони, додека мобилен интернет користат 91,6 проценти. Три четвртини од корисниците користат апликации за гледање видео клипови или филмови, додека приближно 99 проценти или речиси сите корисници кои користат мобилен интернет, користат апликации за комуникација. Најчесто користени апликации за комуникација се Viber (97 проценти од корисниците) и Facebook Messenger (96 проценти од корисниците).