Промовирани огласи »

Христијан Мицкоски на прес-конференција денеска изјави дека покрај досегашните 30 проценти, од 1 јули граѓаните ќе плаќаат за повеќе од 10 отсто поскапа струја.

Причина за тоа вели дека е тоа што багерите на РЕК Битола не ископуваат јаглен поради поплава, цената на уличното осветлување и помалото производство на електрична енергија.

Главната и суштинска работа зошто го споменувам уличното осветлување е вчера лиферуваниот податок дека општините преку уличното осветлување потрошиле 30 милиони денари, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа е 1,32 проценти од вкупно потрошената струја за 2021 година.

Според него, математички е невозможно струјата да поскапе 10 проценти ако само уделот на јавното осветлување е десетократно помал.

Промовирани огласи »

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.3 % на месечно и за 21.4 % на годишно ниво.

Во април 2022, во споредба со март 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Капитални производи за 0.5 %, Интермедијарните производи, освен енергија за 5.8 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.8 %.

Во април 2022, во споредба со април 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 26.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 29.4 %, Капитални производи за 74.6 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12.6%.

Промовирани огласи »

Скоро секој петти работник на оваа анкета вели дека најверојатно ќе ја смени работата во следните 12 месеци бидејќи бара подобра плата и задоволство од работата.

Многу работници ги сменија работните места или ја напуштија работата за време на пандемијата во периодот што економистите го нарекоа „Големата оставка“, а истражувањето не покажува знаци на забавување на овој тренд.

Во март PwC анкетираше повеќе од 2.000 работници од различни индустрии и откри дека:

  • 18% рекле дека е „многу или најверојатно“ да се префрлат во нова компанија во следните 12 месеци.
  • Околу 32% рекле дека е можно или малку веројатно да се префрлат, а 16% планираат да го напуштат привремено или трајно работното место.
  • Зголемувањето на платата е главниот мотиватор за промена на работните места (72%), проследено со желбата за поисполнета работа (68%).


Бројот на луѓе што го смениле работното место, исто така, достигна рекордно високо ниво „предизвикано од оставки наместо отпуштања“, додека редовните плати (без бонусите) се зголемија за 4,2%, иако не толку брзо како трошоците за живот.


 

Промовирани огласи »

Минимум 10 посто зголемување на цената на струјата им се заканува на домаќинствата од јули поради малверзации на дел од општините, објави ТВ24.

Од Регулаторна комисија за енергетика обвинуваат дека за само 3 месеци општините за да си ги скусат трошоците за струја формирале јавни претпријатија преку кои си обезбедувале струја по цена за домаќинствата и за само 3 месеци направиле долг од 30 милиони евра.

Регулаторна бара начин како овој трошок од општините да не го прифати и да не падне на товар на граѓаните и да не им се пресмета во крајната цена на домаќинствата.

Во овие 10 посто раст кои ги најавува Регулаторна комисија за енергетика, не се пресметани трошоците од енергетските компании и цената од ЕСМ од која најмногу зависи крајната цена за граѓаните. Дел од компаниите веќе доставиле барање до РКЕ, се чека уште од МЕПСО. Во меѓувреме Регулаторна крои тарифник со кој цената на струјата во скапата тарифа ќе зависи од потрошувачката. Бислимовски открива дека се разгледува опцијата над 250 киловати потрошена струја на граѓаните да им се тарифира по повисока цена.

Според Билимовски, единствен спас за голем пораст на крајната цена ќе биде ЕСМ да обезбеди 100 посто од потребите на ЕВН.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »