Промовирани огласи »

Скоро секој петти работник на оваа анкета вели дека најверојатно ќе ја смени работата во следните 12 месеци бидејќи бара подобра плата и задоволство од работата.

Многу работници ги сменија работните места или ја напуштија работата за време на пандемијата во периодот што економистите го нарекоа „Големата оставка“, а истражувањето не покажува знаци на забавување на овој тренд.

Во март PwC анкетираше повеќе од 2.000 работници од различни индустрии и откри дека:

  • 18% рекле дека е „многу или најверојатно“ да се префрлат во нова компанија во следните 12 месеци.
  • Околу 32% рекле дека е можно или малку веројатно да се префрлат, а 16% планираат да го напуштат привремено или трајно работното место.
  • Зголемувањето на платата е главниот мотиватор за промена на работните места (72%), проследено со желбата за поисполнета работа (68%).


Бројот на луѓе што го смениле работното место, исто така, достигна рекордно високо ниво „предизвикано од оставки наместо отпуштања“, додека редовните плати (без бонусите) се зголемија за 4,2%, иако не толку брзо како трошоците за живот.


 

Промовирани огласи »

Минимум 10 посто зголемување на цената на струјата им се заканува на домаќинствата од јули поради малверзации на дел од општините, објави ТВ24.

Од Регулаторна комисија за енергетика обвинуваат дека за само 3 месеци општините за да си ги скусат трошоците за струја формирале јавни претпријатија преку кои си обезбедувале струја по цена за домаќинствата и за само 3 месеци направиле долг од 30 милиони евра.

Регулаторна бара начин како овој трошок од општините да не го прифати и да не падне на товар на граѓаните и да не им се пресмета во крајната цена на домаќинствата.

Во овие 10 посто раст кои ги најавува Регулаторна комисија за енергетика, не се пресметани трошоците од енергетските компании и цената од ЕСМ од која најмногу зависи крајната цена за граѓаните. Дел од компаниите веќе доставиле барање до РКЕ, се чека уште од МЕПСО. Во меѓувреме Регулаторна крои тарифник со кој цената на струјата во скапата тарифа ќе зависи од потрошувачката. Бислимовски открива дека се разгледува опцијата над 250 киловати потрошена струја на граѓаните да им се тарифира по повисока цена.

Според Билимовски, единствен спас за голем пораст на крајната цена ќе биде ЕСМ да обезбеди 100 посто од потребите на ЕВН.

Промовирани огласи »

По големото успешно отварање на првиот синџир на маркети „МЕРЕ'' во Македонија ,успешната приказна од светот стигнува и на повеќе локаци ширум  Македонија .Следните маркети се планирани да бидат отворени до средината на идниот месец и тоа во Штип, Прилеп, Куманово и уште еден во Скопје.

Првиот маркет МЕРЕ се наоѓа на улица Перо Наков бр.144, во комплексот „Караорман“ поточно после Металски завод. За таа цел е обезбеден модерен објект од 1.200 кавадратни метри, за пазарувањето да биде пријатно за сите купувачи.

Слоганот со кој МЕРЕ е претпознатлив во светот а и во Македонија гласи „Ниски цени секој ден “. Овој слоган дефинитивно упатува на тоа дека купувачите може да очекуваат убедливо најниски цени во овие маркети во споредба со сите останати на пазарот.

Ве покануваме да го посетите новоотворениот маркет и да уживате во пазарувањето со ниски цени и врвна услуга!

Доколку сакате да сте дел од успешната приказна аплицирајте на отворените работни позиции вo Скопје, Прилеп, Куманово и Штип на следниот линк или на маил [email protected].

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика известува на 30 мај почнува етапната исплата на мајските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Пензија повисока за 1.000 денари ќе добијат повеќе од 330 илјади пензионери со исплатата на мајската пензија преку договорената директна финансиска помош за три месеци.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2022 година (понеделник);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2022 година (вторник);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2022 година (среда); и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.06.2022 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 30 мај (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред и во банките со цел заштита на личното и јавното здравје.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »