Промовирани огласи »

Две авиокомпании, Пегасус и Санекспрес, ќе летаат на истата рута, од јуни до октомври

Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир почнува од утре, втори јуни 2022 година, која ќе го поврзува македонскиот главен град со еден од турските туристички бисери на Егејското море, известуваат од ТАВ Македонија.

Две авиокомпании, Пегасус ерлајнс (Pegasus Airlines) и Санекспрес (Sunexpress), ќе летаат на оваа авио-рута, во текот на целата летна сезона, односно од почетокот на јуни до крајот на октомври.

Задоволни сме што се отвора оваа сезонска авиолинија, меѓу Скопје и Измир, како еден од главните туристички центри на Турција, до кој досега немаше директна авиоврска. Измир е атрактивна дестиција за македонските граѓани, како од аспект на туристички патувања, така и од бизнис-аспект, со оглед на тоа што е третиот најголем град во Турција каде е сместено најважното извозно пристаниште и каде што се одржуваат бројни саеми. Сигурни сме дека оваа линија ќе придонесе и за зголемување на бројот на туристи, како и за зајакнување на економската соработка меѓу двете држави. Со ваквиот потенцијал, се надеваме дека во иднина може да стане и редовна авиолинија во текот на целата година, изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Авиопревозникот Пегасус почнува да лета на релација Скопје-Измир од утре, втори јуни, и ќе лета до 27-ми октомври, секој четврток, со време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 14 часот и 20 минути и време на полетување за Аеродромот Аднан Мендерес во Измир, во 15 часот и 20 минути; како и секоја недела, со време на слетување во Скопје во 9 часот 55 минути и време на полетување за Измир во 10 часот и 45 минути.

Авиопревозникот Санекспрес ќе почне да лета на истата авиолинија на 12-ти јуни и ќе лета до 2-ри октомври и тоа секоја недела, со време на слетување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 1 часот и 35 минути и време на полетување за Аеродромот Аднан Мендерес во Измир во 2 часот и 25 минути.

За сите детали во врска со резервации и продажба на авиобилети, од ТАВ Македонија ги упатуваат патниците да ги посетат веб-страниците на:

АвиокомпанијатаPegasus Airlines www.flypgs.com/

АвиокомпанијатаSunexpress www.sunexpress.com/en/

Од ТАВ Македонија очекуваат зголемен авиосообраќај во престојната летна сезона и на двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје, од каде што во моментов се лета до 43 дестинации и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, од каде што моментално има летови до 13 дестинации.

Промовирани огласи »

Согласно најновите податоци на Државниот завод за статистика добиени со пописот спроведен минатата година, вкупно работоспособно население на возраст од 15 години и нагоре изнесува 1.525.366 лица. Притоа од нив, 717.769 лица се активното население, односно лица кои работат или бараат работа. Од нив 608.520 лица  се вработени, а 109.249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768.549.

Според највисокиот  степен на школска подготовка, најмногу невработени или  56.701 лице се со средно образование од кои  34.313 се мажи и 22.388 се жени.Според  дејноста, најмногу вработени, или 123.347 лица има  во Преработувачката индустрија од кои 65.751 се мажи и 57.596 се жени. Од вкупното резидентно население, бројот на издржуваните лица  изнесува 450.766.Во вкупното резидентно население бројот на лицата со попреченост изнесува  94.412 или  1,8 отсто на возраст од 0 до 14 години, 43,5 проценти на возраст од 15 до 64 години и 54,8 отсто на возраст од 65 и повеќе. Според видот на попреченост, најголемо учество од 40,8 отсто или 38.499 имаат лицата со потешкотии во движењето – се наведува во соопштението на ДЗС.

Заводот за статитика исто така објави дека од 839.174 станови, 531.987 станови или 63,4 отсто се населени, додека 307.187 станови или 36,6 проценти се ненаелени. 

Промовирани огласи »

Од денеска во Грција се укинува задолжителната маска во затворените простори, што воедно беше и последната и единствена Ковид мерка во земјата, откако на почетокот на мај беа укинати голем дел од рестрикциите, со што летото ќе биде целосно слободно и без никакви ограничувања, јави дописничката на МИА од Атина.

Исклучок постои само за болниците, домовите за нега на стари лица и слични институции, како и во јавниот градски превоз, односно во автобусите, метрото, трамваите и тролејбусите, каде што и понатаму ќе биде задолжително носење маска.

Во текот на оваа седмица ќе се донесе одлука и за протоколите за бродовите и траектите.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис пред две седмици, соопштувајќи дека се укинува задолжителната маска за внатрешните простори, рече дека одлуката е привремена, односно ќе важи до 15 септември 2022 година.

Укинувањето на задолжителната употреба на маска значи дека нема да се изрекува административната казна, но сепак останува охрабрувањето и препораката, дека ќе треба да се користи маската во сите простори, особено за населението кое припаѓа на ранливите категории, рече тогаш Плеврис.

За патување во Грција повеќе не е потребен ниту сертификат за вакцинација, ниту негативен резултат од направен тест, додека пак веќе два и пол месеци е укинат и ПЛФ – формуларот. Истото важи и за во внатрешноста на земјата, односно за влез во затворените објекти не е потребен документ за Ковид-19, како што беше пракса претходно, а од денеска веќе не е потребно и носење маска.

Сепак, укинувањето на мерките во Грција е привремено, бидејќи на есен, од септември, во зависност од текот на пандемијата, не е исклучена можноста одново да се воведат некои од претходните рестрикции.

Од почетокот на пандемијата, во Грција има 3.453.229 случаи на Ковид-19 и 29.845 починати лица.  

Промовирани огласи »

Владата ги врати маржите и даноците на основните прехранбени производи, па така цените од денеска во маркетите рушат рекорди, а граѓаните се жалат на се помалата куповна моќ.

Зголемување на цените има кај кај лебот, солта, брашното – тип 400, маслото за јадење, млекото, свежото месо и сувомеснатите производи...

Граѓаните реагираат дека зејтинот кој до вчера се продаваше по цена 135 денари денеска достигна цена од 163 денари.

Килограм брашно за кое граѓаните плаќаа околу 35 денари, денеска се продава за 60 денари, а поскапен е и лебот.

Во зависност од тоа каков леб купувате, цените се зголеми меѓу 6 и 9 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »