Промовирани огласи »

Согласно најновите податоци на Државниот завод за статистика добиени со пописот спроведен минатата година, вкупно работоспособно население на возраст од 15 години и нагоре изнесува 1.525.366 лица. Притоа од нив, 717.769 лица се активното население, односно лица кои работат или бараат работа. Од нив 608.520 лица  се вработени, а 109.249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768.549.

Според највисокиот  степен на школска подготовка, најмногу невработени или  56.701 лице се со средно образование од кои  34.313 се мажи и 22.388 се жени.Според  дејноста, најмногу вработени, или 123.347 лица има  во Преработувачката индустрија од кои 65.751 се мажи и 57.596 се жени. Од вкупното резидентно население, бројот на издржуваните лица  изнесува 450.766.Во вкупното резидентно население бројот на лицата со попреченост изнесува  94.412 или  1,8 отсто на возраст од 0 до 14 години, 43,5 проценти на возраст од 15 до 64 години и 54,8 отсто на возраст од 65 и повеќе. Според видот на попреченост, најголемо учество од 40,8 отсто или 38.499 имаат лицата со потешкотии во движењето – се наведува во соопштението на ДЗС.

Заводот за статитика исто така објави дека од 839.174 станови, 531.987 станови или 63,4 отсто се населени, додека 307.187 станови или 36,6 проценти се ненаелени. 

Промовирани огласи »

Од денеска во Грција се укинува задолжителната маска во затворените простори, што воедно беше и последната и единствена Ковид мерка во земјата, откако на почетокот на мај беа укинати голем дел од рестрикциите, со што летото ќе биде целосно слободно и без никакви ограничувања, јави дописничката на МИА од Атина.

Исклучок постои само за болниците, домовите за нега на стари лица и слични институции, како и во јавниот градски превоз, односно во автобусите, метрото, трамваите и тролејбусите, каде што и понатаму ќе биде задолжително носење маска.

Во текот на оваа седмица ќе се донесе одлука и за протоколите за бродовите и траектите.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис пред две седмици, соопштувајќи дека се укинува задолжителната маска за внатрешните простори, рече дека одлуката е привремена, односно ќе важи до 15 септември 2022 година.

Укинувањето на задолжителната употреба на маска значи дека нема да се изрекува административната казна, но сепак останува охрабрувањето и препораката, дека ќе треба да се користи маската во сите простори, особено за населението кое припаѓа на ранливите категории, рече тогаш Плеврис.

За патување во Грција повеќе не е потребен ниту сертификат за вакцинација, ниту негативен резултат од направен тест, додека пак веќе два и пол месеци е укинат и ПЛФ – формуларот. Истото важи и за во внатрешноста на земјата, односно за влез во затворените објекти не е потребен документ за Ковид-19, како што беше пракса претходно, а од денеска веќе не е потребно и носење маска.

Сепак, укинувањето на мерките во Грција е привремено, бидејќи на есен, од септември, во зависност од текот на пандемијата, не е исклучена можноста одново да се воведат некои од претходните рестрикции.

Од почетокот на пандемијата, во Грција има 3.453.229 случаи на Ковид-19 и 29.845 починати лица.  

Промовирани огласи »

Владата ги врати маржите и даноците на основните прехранбени производи, па така цените од денеска во маркетите рушат рекорди, а граѓаните се жалат на се помалата куповна моќ.

Зголемување на цените има кај кај лебот, солта, брашното – тип 400, маслото за јадење, млекото, свежото месо и сувомеснатите производи...

Граѓаните реагираат дека зејтинот кој до вчера се продаваше по цена 135 денари денеска достигна цена од 163 денари.

Килограм брашно за кое граѓаните плаќаа околу 35 денари, денеска се продава за 60 денари, а поскапен е и лебот.

Во зависност од тоа каков леб купувате, цените се зголеми меѓу 6 и 9 денари.

Промовирани огласи »

Доколку сакате административна работа, на KARIERA.mk има активни огласи од сите државни институции!
Во прилог погледнете дел од нив и аплицирајте со свое CV уште денес! 

ПОМЛАД СОРАБОТНИК ЗА УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ЦЕНТАР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ГРАД СКОПЈЕ

ДРЖАВЕН СОВЕТНИК ЗА СТУДИСКО АНАЛИТИЧКИ И ДОКУМЕНТАЦИОНИ РАБОТИ

ПОМЛАД СОРАБОТНИК ЗА ОЦЕНУВАЊЕ, СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И УСОВРШУВАЊЕ, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

ПОМЛАД СОРАБОТНИК ЗА АКТИВНИ МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ЦЕНТАР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ГРАД СКОПЈЕ

ОПЕРАТОР ЗА КОНТРОЛА НА ПОДАТОЦИ ЗА АРХИВИРАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ, ОТСЕК ЗА ОБРАБОТКА, СКЕНИРАЊЕ И АРХИВИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ДОКУМЕНТИ, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИТ ИНФРАСТРУКТУРА И ПОДДРШКА, СЕКТОР ЗА ИНФОРМАТИКА - ЦЕНТРАЛА

ПОМЛАД СОРАБОТНИК ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНИ ИНФОРМАЦИОНИ СИСТЕМИ, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЗДРАВСТВЕНИ ИНФОРМАТИЧКИ СТАНДАРДИ, СЕКТОР ЗА ЕДУКАЦИЈА, КОНТРОЛА, ИНФОРМИРАЊЕ И ЗДРАВСТВЕНИ ИНФОРМАТИЧКИ СТАНДАРДИ

РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОПШТИ РАБОТИ, СЕКТОР ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И ОПШТИ РАБОТИ

Сите огласи од Државна администрација погледнете ги ТУКА 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »