Помлад соработник за спроведување на сертификација на здравствени информациони системи, Одделение за здравствени информатички стандарди, Сектор за едукација, контрола, информирање и здравствени информатички стандарди
- Објавен на 5.2022
- Министерство за здравство - Управа за електронско здравство
- Активен до 11.06.2022
- Позиција: државен службеник
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Компјутерска текника и информатика, машинство или информатика
- со или без работно искуство во струката
Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-петок
- Работни часови: 40 неделно
- Работно време: од 08:00 до 16:00
Паричен нето износ на плата: 22.082,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.