Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во понеделник ќе одржи јавна трибина на која ќе бидат презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, подготвени од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Од РКЕ информираат дека сите дилеми кои ги имаат потрошувачите и ги поставиле до РКЕ во однос на скалесто тарифирање се земени во предвид во анализите.

Главната цел на воведување на скалестото тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, а со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во рамки на просечната потрошувачка во државата. Со ваквиот начин на тарифирање ќе се обезбеди фер пристап, односно оние коишто трошат значително поголеми количини на електрична енергија од просечната потрошувачка, ќе плаќаат и повисока цена за истите – се наведува во соопштението од РКЕ.

Оттаму посочуваат дека блок тарифите ќе се применуваат само во периодите на високи дневни оптоварувања (од 07:00 до 22:00) часот, додека во периодите во ниски дневни оптоварувања (22:00 до 07:00) и недела ќе се применува иста цена.

Промовирани огласи »

Во првото тримесечје од 2022 година, активното население во земјава изнесувало 811.197 лица, од кои вработени биле 691.498, а 119.699 лица се воделе како невработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Стапката на активност во овој период е 55,3 отсто, стапката на вработеност 47,1, додека стапката на невработеност изнесува 14,8 проценти и бележи намалување во однос на стапката во последното четврто тромесечие од 2021 година кога изнесувала 15,2 отсто.

Од државниот завод за статистика информираат дека при обработката на податоците за првото тримесечје од 2022 година се користени регионалните демографски дистрибуции по пол и по петгодишни старосни групи за калибрирање на населението согласно податоците од Пописот 2021.

Промовирани огласи »

Необичен протест се одржа во хрватскиот главен град Загреб. Газдата на погребалното претпријатие од Вировитица, Марио Коларевиќ, со денови лежи во ковчег пред Министерството за економија во Загреб и штрајкува со глад. 

Тој се буни поради проблем со Законот за погребални услуги. Коларевиќ лежи во ковчег, облечен во бела кошула со црна вратоврска и црни панталони, а веднаш до него има голем крст на кој пишува „владеење на правото“. Вели  дека комуналното претпријатие Флора од Вировитица му е нелојална конкуренција, затоа што со ниските цени им го одвлекува вниманието на клиентите, а кај него мора да закажат термини за погреби, пренесува Индекс.хр. 

фото Index.hr

Промовирани огласи »

Компаниите кои ги зголемија цените изминативе денови ќе се соочат со соодветен одговор од државните институции, бидејќи нивното однесување во изминати три дена е некоректно и неморално, рече вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции во одговор на новинарско прашање за воведувањето на антикризни мерки.

Со особено внимание следиме што се случува овие три дена на слободниот пазар. Одредени компании се однесуваат некоректно, неетички и неморално на кон зголемување на цените. Тоа набрзо ќе наиде на одговор од страна на институциите. Не можеме да прифатиме дека цена, за 24 часа може да порасне за 20 отсто кога производствената цена не може да порасне 24 часа за 20 отсто. Сметам дека тоа е само манипулација којашто ја прават кон нашите граѓани и за тоа секако соодветно треба да реагираат инспекциските служби. Јас очекувам набргу извештај од инспекциските служби со мерки за сите коишто тоа го имаат направено, рече Битиќи, кој денеска присуствуваше на отворање на Саем за вработување и кариера во седиштето на Младинскиот ресурсен центар „I Can“ во Гостивар.

Вицепремиерот за економски прашања, за антикризните мерки нагласи дека Владата предвидела одредени финансиски средства со ребалансот, што според него е околу 73 милиони евра.

Веќе ги правиме сите анализи, штом се изгласа ребалансот сметам дека ќе бидат донесени, но антикризните мерки нема да бидат мерки коишто се сè опфатни. Мора да бидат таргетирани за специфични целни групи коишто се најзагрозени и компании коишто се најзагрозен, кажа Битиќи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »