Промовирани огласи »

Компаниите кои ги зголемија цените изминативе денови ќе се соочат со соодветен одговор од државните институции, бидејќи нивното однесување во изминати три дена е некоректно и неморално, рече вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции во одговор на новинарско прашање за воведувањето на антикризни мерки.

Со особено внимание следиме што се случува овие три дена на слободниот пазар. Одредени компании се однесуваат некоректно, неетички и неморално на кон зголемување на цените. Тоа набрзо ќе наиде на одговор од страна на институциите. Не можеме да прифатиме дека цена, за 24 часа може да порасне за 20 отсто кога производствената цена не може да порасне 24 часа за 20 отсто. Сметам дека тоа е само манипулација којашто ја прават кон нашите граѓани и за тоа секако соодветно треба да реагираат инспекциските служби. Јас очекувам набргу извештај од инспекциските служби со мерки за сите коишто тоа го имаат направено, рече Битиќи, кој денеска присуствуваше на отворање на Саем за вработување и кариера во седиштето на Младинскиот ресурсен центар „I Can“ во Гостивар.

Вицепремиерот за економски прашања, за антикризните мерки нагласи дека Владата предвидела одредени финансиски средства со ребалансот, што според него е околу 73 милиони евра.

Веќе ги правиме сите анализи, штом се изгласа ребалансот сметам дека ќе бидат донесени, но антикризните мерки нема да бидат мерки коишто се сè опфатни. Мора да бидат таргетирани за специфични целни групи коишто се најзагрозени и компании коишто се најзагрозен, кажа Битиќи.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 2.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,497%, кај дизелот за 1,882%, кај екстра лесното масло за 4,473% и кај мазутот зголемувањето е за 1,095%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 109,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 111,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 98,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 99,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 54,640 ден/кг.Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 109,00 (денари/литар), Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 111,50 (денари/литар), Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 99,50 (денари/литар), Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 98,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС – 54,640 (денари/килограм).

Промовирани огласи »

Понекогаш е очигледно дека е време да најдете работа, но во одредени случаеви и не е така едноставно. Секако, ако некој ви понуди значително добра понуда, сигурно дека нема многу да размислувате. Ако се среќавате со потешкотија во изборот на кариера во помала или поголема форма предлагаме да ги погледнете следниве одлични компании на KARIERA.mk при донесување одлука за кариера. 

МЕРЕ маркети се трети по големина Руски ланец на маркети кој работи од 2009 година, под брендот СВЕТОФОР во Русија. Присутни во повеќе од 20 земји меѓу кои се Шпанија, Кина, Германија,Србија, а отсега и во Македонија! Во МЕРЕ маркетите главниот акцент е ставен на директната соработка со произведувачите кои можат да понудат одличен квалитет по ниски цени. Ниските цени се тоа што со сигурност може да го добиете во МЕРЕ маркетите. 

Моментално вработуваат на следниве работни позиции:

Majorel обезбедува корисничко искуство и задоволство во име на некои од најпочитуваните светски брендови. Моментално вработува 

CUSTOMER SERVICE REPRESENTAITVE GERMAN LANGUAGE


Singular е меѓународна компанија за игри и FinTech која континуирано се стреми да изгради иновативни производи и да инспирира напредок низ целиот свет. Моментално има потреба од

FRONT-END DEVELOPER

JAVA DEVELOPER

ГРАНТ ТОРНТОН КОНСАЛТИН е независна фирми за осигурување, даночни и советодавни фирми, составена од 56.000 луѓе во 140 земји. Моментално вработува СМЕТКОВОДИТЕЛ и бара практикант за позиција РЕВИЗОР

СТОКОМАК МАРКЕТИ вработува СОРАБОТНИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЗАЛИХИ и ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА

ТИГО ФАЈНАНС е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица. Во моментов вработува на следните позиции:

HR MANAGER

TRAINING LEAD

ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА ТЕТОВО

DATA PROTECTION OFFICER

Цементарница УСЈЕ претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нивните постојани вложувања во производната технологија, започнување и спроведување на разновидни проекти во сферата на заштитата на животната средина, развој на заедницата и останати проекти во областа на Корпоративната Општествена Одговорност се главните придобивки од нивната филозофија на одржлив развој. Погледнете ги сите отворени работни позиции ТУКА

IT компанијата АLLOCATE SOFTWARE вработува SOFTWARE ENGINEER и ASSISTANT ACCOUNTANT

Погледнете ги сите огласи на нашиот вебсајт ТУКА

Промовирани огласи »

Дали ве интересира колку луѓе во светот се викаат како вас? Оваа кул апликација ќе ви открие сè!

Сè што треба да направите е да го внесете вашето име во пребарувачот, а апликацијата ќе ви покаже целосна статистика – сè што ве интересира и сè што можеби не ве интересира.

Уште во 2016 година, научниците од Универзитетот во Лондон смислија слична интерактивна мапа, која открива сè за вашето презиме на ниво на земја или регион.

Сепак, мапата немаше опција за пребарување на име и не покажа колку е вообичаено вашето презиме низ целиот свет. Сега, некој конечно измисли нешто уште подобро.

Апликацијата Forebears има сè што недостасуваше на горенаведената мапа, па сега можете да дознаете колку е популарно вашето име или презиме во светот, односно во секоја одделна земја.

Едноставно и забавно
Сè што треба да направите е да го внесете вашето име во пребарувачот, а апликацијата ќе ви го покаже неговото потекло, како и во која земја е најпопуларно. Исто така, лесно можете да дознаете колку луѓе во светот го носат вашето име или презиме.

Тестиравме што ќе ни покаже апликацијата кога ќе го внесеме името – Марко во пребарувачот. Брзото пребарување откри дека Марко е 4.150. најчестото име во светот. Околу 248.036 луѓе се нарекуваат така, а името е најпопуларно во – Хрватска, 11-та на листата на популарност. Освен во Хрватска, ова име се користи и кај нас и во Словенија, каде што има најголема густина на население од луѓе кои се викаат Марко (најмногу Марко на квадратен километар). Марко е популарно име во Германија, Холандија, Англија, САД, Канада, Украина, Босна и Херцеговина итн.

Покрај овие податоци, апликацијата ја покажува и просечната висина на личноста Марко, како е напишано со различни букви, колку често се користи во кој период и многу други интересни работи – податоците се разликуваат од име до име, така што за Марко нема значење на името.

Ако ја смениме буквата „к“ во буквата „c“ и го замениме Марко со Marco, ситуацијата драстично се менува, па оставаме на вас да откриете како и на кој начин.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »