Промовирани огласи »

Дали ве интересира колку луѓе во светот се викаат како вас? Оваа кул апликација ќе ви открие сè!

Сè што треба да направите е да го внесете вашето име во пребарувачот, а апликацијата ќе ви покаже целосна статистика – сè што ве интересира и сè што можеби не ве интересира.

Уште во 2016 година, научниците од Универзитетот во Лондон смислија слична интерактивна мапа, која открива сè за вашето презиме на ниво на земја или регион.

Сепак, мапата немаше опција за пребарување на име и не покажа колку е вообичаено вашето презиме низ целиот свет. Сега, некој конечно измисли нешто уште подобро.

Апликацијата Forebears има сè што недостасуваше на горенаведената мапа, па сега можете да дознаете колку е популарно вашето име или презиме во светот, односно во секоја одделна земја.

Едноставно и забавно
Сè што треба да направите е да го внесете вашето име во пребарувачот, а апликацијата ќе ви го покаже неговото потекло, како и во која земја е најпопуларно. Исто така, лесно можете да дознаете колку луѓе во светот го носат вашето име или презиме.

Тестиравме што ќе ни покаже апликацијата кога ќе го внесеме името – Марко во пребарувачот. Брзото пребарување откри дека Марко е 4.150. најчестото име во светот. Околу 248.036 луѓе се нарекуваат така, а името е најпопуларно во – Хрватска, 11-та на листата на популарност. Освен во Хрватска, ова име се користи и кај нас и во Словенија, каде што има најголема густина на население од луѓе кои се викаат Марко (најмногу Марко на квадратен километар). Марко е популарно име во Германија, Холандија, Англија, САД, Канада, Украина, Босна и Херцеговина итн.

Покрај овие податоци, апликацијата ја покажува и просечната висина на личноста Марко, како е напишано со различни букви, колку често се користи во кој период и многу други интересни работи – податоците се разликуваат од име до име, така што за Марко нема значење на името.

Ако ја смениме буквата „к“ во буквата „c“ и го замениме Марко со Marco, ситуацијата драстично се менува, па оставаме на вас да откриете како и на кој начин.

Промовирани огласи »

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 99,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 107, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 109, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 95,5 денари за килограм, додека цената на Мазутот М-1 НС ќе остане 54,64 денари за килограм.

Како причина за новата малопродажна цена на дизелот од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините за 2,027 отсто и кај дизелот за 2,774 отсто, како и за 0,101 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот. 

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и денеска повторно ќе носи нова одлука за цената на горивата. Како што велат од РКЕ, исполнети се предусловите за тоа.

Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на горивата која ќе биде во сила од вечер на полноќ, изјави за МИА портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.

Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денара.

Со вчерашното зголемување на цените на горивата, Еуросупер БС-95 поскапи за три, а останатите горива за 2,5 денари за литар. Литар Еуросупер БС-95 денеска чини 107 денари, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 109 денари.

Цената на дизелот е 97,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 95,5 денари за литар.

Промовирани огласи »

62 129 лица или 4.1 отсто од вкупното население во земјава се со незавршено основно образование, покажуваат податоците од Пописот спроведен минатата година. 

 Над 95 проценти од резидентно население на возраст од над 15 години во државата се писмени, додека 1,2 проценти или 18 897 се неписмени. 

Голем број од популацијата има завршено само основно образование, но треба да се има предвид дека според движењето на населението, во земјата се останати повозрасни луѓе кои се школувале во време кога средното образование не било задолжително како што е сега, вели Симовски и додава дека ние имаме проблем со недостиг на млада популација, вели директорот на Државниот Завод за статистика Апостол Симовски, во гостување на Слободна ТВ. 

Од вкупно резидентно население на возраст од над 15 години, 1 461 295 се писмени – од кои 721 734 се мажи и 739 561 се жени.

Неписмени се 18 897 од кои 5 517 се мажи и 13 380 се жени. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »