Промовирани огласи »

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 99,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 107, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 109, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 95,5 денари за килограм, додека цената на Мазутот М-1 НС ќе остане 54,64 денари за килограм.

Како причина за новата малопродажна цена на дизелот од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините за 2,027 отсто и кај дизелот за 2,774 отсто, како и за 0,101 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот. 

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и денеска повторно ќе носи нова одлука за цената на горивата. Како што велат од РКЕ, исполнети се предусловите за тоа.

Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на горивата која ќе биде во сила од вечер на полноќ, изјави за МИА портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.

Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денара.

Со вчерашното зголемување на цените на горивата, Еуросупер БС-95 поскапи за три, а останатите горива за 2,5 денари за литар. Литар Еуросупер БС-95 денеска чини 107 денари, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 109 денари.

Цената на дизелот е 97,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 95,5 денари за литар.

Промовирани огласи »

62 129 лица или 4.1 отсто од вкупното население во земјава се со незавршено основно образование, покажуваат податоците од Пописот спроведен минатата година. 

 Над 95 проценти од резидентно население на возраст од над 15 години во државата се писмени, додека 1,2 проценти или 18 897 се неписмени. 

Голем број од популацијата има завршено само основно образование, но треба да се има предвид дека според движењето на населението, во земјата се останати повозрасни луѓе кои се школувале во време кога средното образование не било задолжително како што е сега, вели Симовски и додава дека ние имаме проблем со недостиг на млада популација, вели директорот на Државниот Завод за статистика Апостол Симовски, во гостување на Слободна ТВ. 

Од вкупно резидентно население на возраст од над 15 години, 1 461 295 се писмени – од кои 721 734 се мажи и 739 561 се жени.

Неписмени се 18 897 од кои 5 517 се мажи и 13 380 се жени. 

Промовирани огласи »

Чудни рекорди бележи Македонија: Цените на становите уриваат рекорди, во државата има рекорден број на празни над 307 илјади станови, а постигнат е и рекорден број на издадени дозволи за градба.

Како што објави Дојче веле, нови згради продолжуваат да се градат, а побарувачката за нови станови во Скопје, како и во Охрид и Струга не стивнува. Квадратот покрај охридското крајбрежје достигна и над 2.500 евра.

Над 307.187 или 36,6 отсто од становите зјаат празни, додека 531.987 или 63,4 отсто се населени, покажуваат податоците од последниот Попис во 2021 година на Државниот завод за статистика.

Некои од становите се испразнети поради иселување, а други, пак, се купуваат како инвестиција. Најголем број станови за „резерва“ се купувале во главниот град – 59.300, а најатрактивни се скопските општини Центар и Карпош, каде има над 20 илјади станови без станари.

Охрид е втор град на листата со станови во кои не живее никој. Според статистиката, во овој туристички град има 17.820 празни станови, додека во Струга 10.153. Во Битола, пак, евидентирани се дури 16.063 станови без домаќини.

И покрај кризата, поскапувањето на материјалите за градба што повлече и енормен раст на продажната цена на становите, минатата година имало рекорден број на издадени дозволи за градење.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »