Промовирани огласи »

На 40-годишниот бивш пилот Рос Вијтман канадската влада му призна дека се здобил со инвалидитет по примањето на вакцината против ковид-19 од АстраЗенека.

Вијтман е дијагностициран со ГБС (Гилијан-Баре синдром) само неколку денови откако ја прима првата и единствена доза од вакцината од што останува делумно парализиран. ГБС е невролошко нарушување кое може да предизвика парализа, слабеење на мускулите, па дури и смрт. Исто така се работи за крајно ретка нуспојава од вакцините која се појавува кај еден на 700.000 вакцинирани, и главно од вакцината на АстраЗенека.

Поранешниот пилот е само еден од десетина вакцинирани на кои канадската влада за сега ќе им исплати оштета заради нуспојави од вакцината. Максималната сум што може да биде исплатена е 284.000 канадски долари.

Вон ова, тој е потенцијален кандидат за надомест на загубен приход од 90.000 канадски долари месечно.

По вакцината, Вијтман не може сам да се движи, ниту пак да има какви било активности со децата, што претходно му биле стандардна пракса.

Освен делумната парализираност, Вијтман по вакцината го има изгубено целото чувство во стапалата, има проблеми со гледање и извитоперување на дланките.

Промовирани огласи »

Откако инспекциските служби ќе утврдат дали порастот на цените е реален, Владата ќе ги објави сите компании кои направиле вештачки скок на цените, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Битиќи останува на ставот дека е направено вештачко зголемување на одредени производи, а како пример посочува тестенина за која маржата на добивка за два дена скокнала од 4 на 72,5 проценти.

Дека има вртоглаво и вештачко зголемување на цените, кажав и минатата недела. Еве, два примера зошто го тврдев тоа. За само два дена, маржата на добивка кај тестенина од еден производител, пораснала од четири проценти на 31 мај на 72,5 проценти т.е. граѓаните плаќаат 65 проценти повисока маржа на добивка за тестенина од еден производител, изјави Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на фабриката „Таб мак“ во Пробиштип.

Во текот на оваа недела, според најавите на вицепремиерот, повторно треба да има и средба со претставници на Сојузот на синдикати кои најавија генерален штрајк на 22-ри овој месец поради неисполнување на нивните барања.

Дијалогот, како што изјави Битиќи, продолжува и има отворени прашања за кои треба да се разговара.

Имаме отворени прашања со ССМ. Не е само усогласувањето на платите и нивното барање за линеарно зголемување на платите. Тука е методологијата за раст на платите и законот за плати кој треба еднаш за секогаш да го реши прашањето за зголемувањето, ефикасноста, ефективноста. Се додека имаме отворени прашања, не би требало да повикаме на штрајк. Треба да седнеме на маса. Веќе оваа недела ќе ги повикаме, за да зборуваме за овие отворени прашања, рече Битиќи, најавувајќи дека на следната владина седница ќе бидат формирани работните групи од страна на Владата кои ќе треба да почнат да работат на одржливо решение. 

Промовирани огласи »

Во периодот од 30.05.2022 до 05.06.2022 била спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли, при што биле санкционирани 539 возачи.

Од нив, 340 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 121 возеле без возачка дозвола, 15 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Промовирани огласи »

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/литар, објави Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,868 ден/кг и сега ќе изнесува 55,508 ден/кг.

Од 7.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 110,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 112,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 102,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 55,508 (денари/килограм)
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »