Промовирани огласи »

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,09 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуродизел (ДЕ-V) ќе изнесува 104,5 денари по литар, Еуросупер 95 и понатаму ќе се продава за 110, а Еуросупер 98 за 112 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за три денари за литар се зголемува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе чини 102,5 денари за литар. Иста останува цената на Мазутот М-1 НС кој и понатаму ќе се продава за 55,508 денари за килограм.

Како причина за новите цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за 0,8 отсто и кај дизелот за 3,797 отсто, како и за 0,056 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот. 

Промовирани огласи »

Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој веќе со години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени. На нивните полици секојдневно може да се најде широка лепеза на повеќе од 20.000 производи од различни категории, меѓу кои се вбројуваат производите од нивниот бренд EXTRA, како и голем број на странски увозни брендови на производи и деликатеси, достапни единствено во нивните маркети. Моментално Тинекс вработува на следните позиции:

МЕСАРИ

ПРОДАВАЧ/КИ

КЕЛНЕР/КИ - ШАНКЕР/КИ РЕСТОРАН DAILY

Сите други огласи погледнете ги ТУКА

Промовирани огласи »

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемиле за 2.980 денари во однос на јануари, покажуваат пресметките што секој месец ги прави Сојузот на синдикати на Македонија, изработувајќи ја синдикалната минимална кошница.

Според објавените податоци, синдикалната кошница во мај изнесувала 38.791 денар и е зголемена за 8,32 проценти во споредба со јануари годинава. За една година, односно во споредба со мај лани зголемувањето е за 4.635 денари или за 12,78 проценти.

Според анализата на ССМ, најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоците.

Од месец во месец, драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домаќинство, а платите не го следат истиот раст. Истото го покажува и самата пресметка на синдикалната минимална кошница што ССМ ја пресметува  секој месец. Затоа ССМ со право бара зголемување на платите на сите вработени, како во јавниот, така и во приватниот сектор и покрај евидентните  противања на одредени субјекти кои се против зголемување на платите на работниците, велат од ССМ.

Синдикатот бара оваа пресметка на синдикалната минимална кошница, како и зголемувањето на трошоците за живот, да бидат причина за веднаш да се пристапи кон склучување на Општиот колективен договор за јавен сектор со зголемување на платите на работниците согласно порастот на минималната плата и платите да се зголемат за најмалку 2806  денари во нето износ.

Во спротивно, како што посочува ССМ, ќе бидат приморани да стапат во генерален штрајк кој е најавен за 22 овој месец.  

Промовирани огласи »

Новиот апдејт ни носи премногу нови алатки, како и редизајн на досегашните. Нотификациите на lock screen ќе ги гледаме од долу па нагоре, ќе можеме да го прилагодуваме истиот како да ни  бидат поставени иконките и слично. Сите новости погледнете ги на видеото.

 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »