Промовирани огласи »

Кризата ќе трае до крај на годината, но јас сметам дека ќе ја имаме и на почетокот на 2023 година. Со поголема разумност на сите чинители, дека оваа криза не е одраз на еден, туку одраз на целокупното опкружување, општество, не само во Македонија. Против тоа треба сите заедно да се бориме, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тој додава дека „ако сме навикнале на 24 степени да ја држиме температурата дома за да ни биде топло и да шетаме на кратки ракави, најверојатно ќе треба да се навикнеме да живееме на 22 степени во зима, а во лето, ако е 24, да направиме на 26 степени целзиусови.

Секој еден степен значи штедење. Таа електрична енергија што некој ни ја обезбедува, треба да ја вратиме за да помогнеме на стопанството, констатира Битиќи во емисијата „Клик плус“.

Промовирани огласи »

Лидерите на земјите од „Отворен Балкан“, премиерот Димитар Ковачевски, неговиот албански колега Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ на Самитот на Отворен Балкан заедно со владините претставници и делегации на трите земји ги потпишаа документите за соработка во областа на образованието, културата, туризмот и од областа на даночната политика.

Трите држави го потпишаа Договорот за соработка на Западен Балкан во полето на взаемно признавање на дипломи и научни титули издадени во високообразовните институции и други овластени институции. Со одредбите се забрзува постапката за прифаќање на дипломите и професионалните звања, со што се поедноставува и олеснува процедурата, како исклучителна придобивка за граѓаните од регионот со позитивни импликации за заедничкиот пазар на трудот. Договорот го потпишаа Ковачевски, Вучиќ и Рама.

На самитот денеска беше потпишан и Меморандумот за разбирање за соработка во областа на туризмот.

Промовирани огласи »

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,09 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуродизел (ДЕ-V) ќе изнесува 104,5 денари по литар, Еуросупер 95 и понатаму ќе се продава за 110, а Еуросупер 98 за 112 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за три денари за литар се зголемува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе чини 102,5 денари за литар. Иста останува цената на Мазутот М-1 НС кој и понатаму ќе се продава за 55,508 денари за килограм.

Како причина за новите цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за 0,8 отсто и кај дизелот за 3,797 отсто, како и за 0,056 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот. 

Промовирани огласи »

Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој веќе со години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени. На нивните полици секојдневно може да се најде широка лепеза на повеќе од 20.000 производи од различни категории, меѓу кои се вбројуваат производите од нивниот бренд EXTRA, како и голем број на странски увозни брендови на производи и деликатеси, достапни единствено во нивните маркети. Моментално Тинекс вработува на следните позиции:

МЕСАРИ

ПРОДАВАЧ/КИ

КЕЛНЕР/КИ - ШАНКЕР/КИ РЕСТОРАН DAILY

Сите други огласи погледнете ги ТУКА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »