Промовирани огласи »

Претпријатијата од Северна Македонија, Србија и Албанија кои ги управуваат патарините работат на поврзување на системите за електронска наплата на патарините, најави на денешната прес-конференција на Самитот Отворен Балкан во Охрид, премиерот Димитар Ковачевски.Тоа значи, како што рече, дека граѓанин од Србија со таг за електронска наплата со своето возило ќе може без застанување да помине и на македонска и на албанска патарина. Системот ќе го препознае и рампата на патарина сама ќе се крене со електронска наплата.

Така ќе ги намалиме гужвите по автопатите и патарините, а граѓаните побрзо ќе стигнат до крајна дестинација. Тоа се бенефитие на кои што работат институциите и соодветните државни претпријатија во сите три држави, додаде Ковачевски.

Претставувајќи ги придобивките од соработката најави дека веќе се подготвуваат за Саемот на вино, храна и туризам во Белград во септември, на кој ќе презентираат сериозен обем на македонски производи, наши сортни вина и македонска храна ќе ги доближиме до регионот и до светот.

На Самитот исто така лидерите се договориле дека заедно ќе се справуваат со економската криза и недостатокот од храна и енергија.

Отворен Балкан има конкретни резултати и затоа земјите од регионот мора да станат членки на ЕУ. Денеска овде во Охрид отвораме нови поглавја во соработката во областите на туризмот и културата. Час поскоро нашите граѓани од Отворен Балкан да почуствуваат нови економски и други бенефити. Може тоа да биде убав одмор во Саранда, Охрид или Копаоник. По поволни услови, со прилагодени цени, додаде премиерот.

Тој посочи дека го смета овој Самит за позитивен пресврт бидејќи, како што рече, за првпат и Црна Гора и Босна и Херцеговина и цела меѓународна заедница се на исто место.

Охрид не обедини за заедничко добро на нашите народи. Упатувам благодарност на сите лидери што дојдоа и на сите учесници. Сите ние сме на едно место. Со заедничко разбирање, за иднината на Западен Балкан, додаде премиерот Ковачевски.

Промовирани огласи »

Кризата ќе трае до крај на годината, но јас сметам дека ќе ја имаме и на почетокот на 2023 година. Со поголема разумност на сите чинители, дека оваа криза не е одраз на еден, туку одраз на целокупното опкружување, општество, не само во Македонија. Против тоа треба сите заедно да се бориме, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тој додава дека „ако сме навикнале на 24 степени да ја држиме температурата дома за да ни биде топло и да шетаме на кратки ракави, најверојатно ќе треба да се навикнеме да живееме на 22 степени во зима, а во лето, ако е 24, да направиме на 26 степени целзиусови.

Секој еден степен значи штедење. Таа електрична енергија што некој ни ја обезбедува, треба да ја вратиме за да помогнеме на стопанството, констатира Битиќи во емисијата „Клик плус“.

Промовирани огласи »

Лидерите на земјите од „Отворен Балкан“, премиерот Димитар Ковачевски, неговиот албански колега Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ на Самитот на Отворен Балкан заедно со владините претставници и делегации на трите земји ги потпишаа документите за соработка во областа на образованието, културата, туризмот и од областа на даночната политика.

Трите држави го потпишаа Договорот за соработка на Западен Балкан во полето на взаемно признавање на дипломи и научни титули издадени во високообразовните институции и други овластени институции. Со одредбите се забрзува постапката за прифаќање на дипломите и професионалните звања, со што се поедноставува и олеснува процедурата, како исклучителна придобивка за граѓаните од регионот со позитивни импликации за заедничкиот пазар на трудот. Договорот го потпишаа Ковачевски, Вучиќ и Рама.

На самитот денеска беше потпишан и Меморандумот за разбирање за соработка во областа на туризмот.

Промовирани огласи »

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,09 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуродизел (ДЕ-V) ќе изнесува 104,5 денари по литар, Еуросупер 95 и понатаму ќе се продава за 110, а Еуросупер 98 за 112 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за три денари за литар се зголемува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе чини 102,5 денари за литар. Иста останува цената на Мазутот М-1 НС кој и понатаму ќе се продава за 55,508 денари за килограм.

Како причина за новите цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за 0,8 отсто и кај дизелот за 3,797 отсто, како и за 0,056 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »