Промовирани огласи »

Првиот приватен медицински бренд во Македонија, болницата Неуромедика вчера го прослави својот 30-ти јубилеј!

Пред 30 години, во јуни далечната 1992 година, се формираше тим од двајца лекари и една медицниска сестра, означувајќи го почетокот на првата приватна болница во Македонија, Неуромедика. Од тогаш до ден денес, болницата се трансформира во вистински синоним за здравје во Р. Македонија и регионот.

Во оваа прилика Неуромедика се заблагодарува на сите здравствени работници кој низ текот на времето биле дел од лекарскиот тимот на Неуромедика.

Исто така, испраќаат благодарност и до нивните пациенти кој секојдневно им го доверуваат нивното здравје во нивни раце.

Неуромедика е и ќе остане Партнер на Вашето здравје!

Промовирани огласи »

Пратениците во Европскиот парламент (ЕП) во средата со мнозинство гласови ја поддржаа забраната за продажба нови возила на бензин и дизел горива од 2035 година, чија цел е забрзување на преминувањето на земјите во Европската унија на електрични возила.

Гласањето беше во рамките на клучните планови на ЕУ до 2030 година да ја намали вкупната емисија на штетни гасови за 55 отсто, во споредба со нивоата од 1990 година, што е цел кој бара побрзо намалување на емисиите во индустријата, енергетиката и транспортот.

Европратеници го поддржаа минатогодишниот предлог на Европската комисија за 100-процентно намалување на емисиите на јаглерод диоксид кај новите автомобили до 2035 година, и од таа година би била оневозможена продажбата на возила на фосилни горива во ЕУ. Беа одбиени предлозите на некои европратеници целта емисиите да бидат намалени на 90 отсто до 2035 година.

Законот сѐ уште не е конечен. Гласањето во средата е само почетокот и само ја потврдува позицијата на ЕП за претстојните преговори со државите членки на ЕИ околу конечната верзија на законот.

Намерата е да се забрза преминувањето на ЕУ на електрични возила и да ги охрабри произведувачите на автомобили повеќе да вложуваат електрификацијата, што дополнително е поттикнато со друг закон кој од државите членки ќе бара да постават милиони станици за полнење на електричните возила.

Да се купува и да се возат автомобили со нулта емисија ќе стана поевтини за потрошувачите, изјави Јан Хуитеме, главниот преговарач задолжен за споменатата политика на ЕУ.

Автомобилските произведувачи, како „Ford“ и „Volvo“ јавно го поддржаа планот на ЕУ со кој би се запрела продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување до 2035 година, а други, пак, како „Volkswagen“, настојуваат да престанат да продаваат такви возила од тој датум.

Меѓутоа, електронската пошта во којашто увид имала агенцијата Reuters. Покажува дека интересни групации од автомобилската индустрија, вклучително на влијателното Германско здружение на автомобилската индустрија (VDA), лобирале за отфрлање на целите до 2035 година. Тие групации порачале дека таквиот план ги казнува алтернативните горива со ниски нивоа на емисии на јаглерод и дека е прерано за такво обврзување поради неизвесното воведување на инфраструктурата за полнење електрични возила.

Нашите ставови се транспарентни. Нашата мисија е да се развијат најдобрите решение со сите вклучени, изјави портпаролот на VDA.

Електричните автомобили и „плаг-ин“ хибридните возила сочинувале 18 отсто од новите приватни автомобили продадени во ЕУ минатата 2021 година., но севкупната продажба на автомобили е намалена поради недостиг од полупроводници, покажуваат податоците од Европското здружение на произведувачи на автомобили.

Четвртина од емисиите на гасовите коишто го предизвикуваат ефектот на стаклената градина кои се „обвинети“ за загревањето на планетата, во Европа потекнува од транспортот, а нивото на ткн стакленични гасови во тој сектор последните години пораснало, што ги отежнува напорите да се избегната опасните нивоа на климатските промени.

Промовирани огласи »

Претпријатијата од Северна Македонија, Србија и Албанија кои ги управуваат патарините работат на поврзување на системите за електронска наплата на патарините, најави на денешната прес-конференција на Самитот Отворен Балкан во Охрид, премиерот Димитар Ковачевски.Тоа значи, како што рече, дека граѓанин од Србија со таг за електронска наплата со своето возило ќе може без застанување да помине и на македонска и на албанска патарина. Системот ќе го препознае и рампата на патарина сама ќе се крене со електронска наплата.

Така ќе ги намалиме гужвите по автопатите и патарините, а граѓаните побрзо ќе стигнат до крајна дестинација. Тоа се бенефитие на кои што работат институциите и соодветните државни претпријатија во сите три држави, додаде Ковачевски.

Претставувајќи ги придобивките од соработката најави дека веќе се подготвуваат за Саемот на вино, храна и туризам во Белград во септември, на кој ќе презентираат сериозен обем на македонски производи, наши сортни вина и македонска храна ќе ги доближиме до регионот и до светот.

На Самитот исто така лидерите се договориле дека заедно ќе се справуваат со економската криза и недостатокот од храна и енергија.

Отворен Балкан има конкретни резултати и затоа земјите од регионот мора да станат членки на ЕУ. Денеска овде во Охрид отвораме нови поглавја во соработката во областите на туризмот и културата. Час поскоро нашите граѓани од Отворен Балкан да почуствуваат нови економски и други бенефити. Може тоа да биде убав одмор во Саранда, Охрид или Копаоник. По поволни услови, со прилагодени цени, додаде премиерот.

Тој посочи дека го смета овој Самит за позитивен пресврт бидејќи, како што рече, за првпат и Црна Гора и Босна и Херцеговина и цела меѓународна заедница се на исто место.

Охрид не обедини за заедничко добро на нашите народи. Упатувам благодарност на сите лидери што дојдоа и на сите учесници. Сите ние сме на едно место. Со заедничко разбирање, за иднината на Западен Балкан, додаде премиерот Ковачевски.

Промовирани огласи »

Кризата ќе трае до крај на годината, но јас сметам дека ќе ја имаме и на почетокот на 2023 година. Со поголема разумност на сите чинители, дека оваа криза не е одраз на еден, туку одраз на целокупното опкружување, општество, не само во Македонија. Против тоа треба сите заедно да се бориме, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тој додава дека „ако сме навикнале на 24 степени да ја држиме температурата дома за да ни биде топло и да шетаме на кратки ракави, најверојатно ќе треба да се навикнеме да живееме на 22 степени во зима, а во лето, ако е 24, да направиме на 26 степени целзиусови.

Секој еден степен значи штедење. Таа електрична енергија што некој ни ја обезбедува, треба да ја вратиме за да помогнеме на стопанството, констатира Битиќи во емисијата „Клик плус“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »