Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемувањена малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89 отсто во однос на претходно.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,249 отсто, кај дизелотза 3,681 отсто, кај екстра лесното масло за 3,681 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 1,405 проценти.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,809 ден/кг и сега ќе изнесува 56,317 ден/кг.
Од14.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 111,50 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 113,50 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 107,50(денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 105,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 56,317(денари/килограм)
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,049 отсто.