Промовирани огласи »

Наскоро граѓаните ќе плаќаат сметки за електрична енергија по нов тарифник. Повисоки сметки за струја ќе плаќаат оние кои трошат над 420 киловат часови електрична енергија во висока тарифа.

Регулаторна комисија за енергетика го обајви калкулатор за ТС за универзален снабдувач, на кој секој може да си пресмета сметки по блок тарифи.

Пресметките може да ги направите ОВДЕ.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е во постапка за одземање на лиценците на Балкан енерџи груп (БЕГ) за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, информира денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Тоа значи дека во моментот кога ќе ги одземеме лиценците ќе ја информираме Владата и согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер на кој ќе треба да се најдат нови вршители на енергетската дејност. За одземањето на лиценците нема да има реперкусии и ниту граѓаните, ниту, пак, индустријата нема да плаќаат ниту еден денар, рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција заедно со професорот Рубин Талески од ФЕИТ на која беше презентиран калкулаторот за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија што од денеска е достапен на веб страницата на РКЕ www.erc.org.mk преку кој граѓаните може да направат споредби за сметките меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа на потрошена струја.

Најави дека сите постапки ќе бидат завршени на време, а до нивното завршување, како што кажа, постојниот вршител на енергетската дејност е должен да ја врши дејноста.

Мое мислење и препорака до Владата е конечно во овој сектор да се укинат трите дејности производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, како што е насекаде во регионот. Треба да има една лиценца за топлинска енергија како во поголемите градови во соседството. Сметам дека Владата или други јавни претпријатија треба да го преземат вршењето на оваа дејност, рече Бислимоски.

Прецизира дека Согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер за вршење на соодветна регулирана енергетска дејност. Откога ќе се распише тнедерот ќе се избере нов вршител на енергетска дејност и тој ќе продолжи да ја врши дејноста како што ја вршел претходниот.

До наименувањето на новиот вршител на енергетска дејност, постојните компании на БЕГ се обврзани да ја вршат дејноста. Сигурен сум дека се ќе заврши пред почетокот на грејната сезона. Не можам да кажам колку ќе трае тендерот, но верувам дека од октомври БЕГ нема повеќе да ги грее скопјани, потенцира Бислимоски. 

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемувањена малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89 отсто во однос на претходно. 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,249 отсто, кај дизелотза 3,681 отсто, кај екстра лесното масло за 3,681 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 1,405 проценти.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98  се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,809 ден/кг и сега ќе изнесува 56,317 ден/кг.

Од14.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  111,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98  113,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    107,50(денари/литар)
  • Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  105,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС    56,317(денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,049 отсто.

Промовирани огласи »

Трите лиценцирани компании на БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија прикажаа три пати поголеми трошоци за 2022 до Регулаторната комисија за енергетика.

Во барањата за одобрување на максимален приход и цена за 2022, БЕГ Производство од 27 мај бара да му се признаат трошоци од 3.399.409.230 денари, односно 54 милиони евра, додека за минатата година барањето било 759.254.478, или 12,5 милиони евра. Ланската пресметка е нешто помалку произведена енергија, но сепак разликата во трошоците и натаму е голема.

БЕГ Дистрибуција бара признавање на трошоци од 60 милиони евра, додека ланското барање на крајот од пролетта 2021 било 25 милиони евра. БЕГ Снабдување бара да му се признае најголем трошок - 68 милиони евра, што е за 40-тина милиони повеќе од ланското поднесено барање.

Од БЕГ признаваат дека вака поднесените трошоци ќе предизвикаат зголемување на цената на парно греењето и се создаваат услови за летно поскапување. Со ланското поскапување на природниот гас, а со тоа и на топлинската енергија, БЕГ како и останатите компании побараа повисока цена за сметките од 1 август 2021. 

Согласно Правилникот за регулирање на цени за топлинска енергија друштвата кои се носители на лиценца за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија имаат обврска до РКЕ да достават податоци за остварените трошоци за вршење на регулираните дејности. Согласно ваквата обврска до РКЕ се поднесени барање за признавање на трошоците од работењето на друштвата.
Врз основа на овие податоци и одобрените трошоци за вршење на дејноста, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Р.С.М ги утврдува тарифните ставови според кои се фактурира испорачаната топлинска енергија кон крајните потрошувачи во следниот период, ни одговорија од компанијата.

Владата изминатата грејна сезона ја субвенционираше со 6 милиони евра, пари кои што БЕГ треба да ги врати назад до крајот на годинава, според она што првично беше тогаш испланирано. Операторот не знае дали ќе продолжи субвенционирањето со евентуално поскапување на фактурите.

Што се однесува на делот на субвенциите на потрошувачите на топлинска енергија, немаме одговор на ова прашање. Мерката за субвенција на потрошувачите на топлинска енергија е во  надлежност на Владата на РСМ, велат од таму.

Од 1 јануари парно греењето е поскапено за 14 отсто, но само за домаќинствата, додека останатите субјкети плаќаат уште поголемо зголемување.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, веќе рече дека од сите енергенси, најмногу го плаши поскапувањето на природниот гас, предизвикано од геополитички активности. 

Извор: Фактор 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »