Промовирани огласи »

Пушачите во Франција сериозно ќе размислат дали ќе си ја купат наредна кутија цигари, откако нејзината цена  рипна на 10 евра. Тоа е утврдено во финансиската програма на новата влада на земјата, предводена од премиерот Едвард Филип. Секоја година Франција се соочува со 80 000 смртни случаи поврзани со пушењето. Како една од мерките за намалување на бројот на пушачите ќе биде и поскапувањето на цигарите од нивната моментална цена од 7 евра за кутија.

Според истражувањата тутунот “е  водечка причина за смртта.  Бројките покажале дека се повеќе се зголемува екојдневната употреба на цигарите кај тинејџерите “, посочи премиерот. Борбата против цигарите ќе биде придружена од” безмилосна борба против шверцерите кои ја поткопуваат оваа политика”. Француските пушачи веќе плаќаат данок. Цената на цигарите во Европската унија е највисока. Но оваа навика е поскапа само во Велика Британија и Ирска. Околу 80% од цената на кутија цигари  оди за  владата во форма на даноци.  Годишно се реализираат 14 милијарди евра приходи. Минатата година владата одобри пакување, покриени со графички предупредувања за ризикот по здравјето. Претседателот Емануел Макрон,  изјави за време на кампањата дека е отворен за идејата за поскапување на цигарите и ги повика соседните земји исто така да донесуваат во оваа насока. Околу 16 милиони луѓе пушат во Франција – околу еден на секои тројца државјани на возраст меѓу 15 и 85 години.

Промовирани огласи »

Владата на денешната седница донесе одлука да биде одложена имплементацијата на Кембриџ програмата за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование.

Министерството за образование и наука е задолжено да го одложи започнувањето на имплементација на новите наставни планови и програми по наставните предмети математика, физика, хемија и биологија за прва година на гимназиско образование, за прва година на средно стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование во сите средни училишта.

Промовирани огласи »

Министерството за финансии реагира на одлуката на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС), со која значително се зголемува висината на минимални трошоци за вршење книговодствени работи и на надоместокот за сметководствени услуги. Одлуката е донесена на 19 мај годинава.

Од министерството реагираат дека институтот има право да ги утврди само критериумите за утврдување на цената, но не и нејзиниот износ.

Во согласност со Законот за вршење сметководствени работи и статутот на Институтот, нема основа за донесување на оваа одлука. Истовремено, Министерството за финансии појаснува дека оваа одлука е надвор од рамките на законот со оглед на фактот што управниот одбор на Институтот има надлежност да ги утврди само критериумите за утврдување на цената на сметководствените услуги, но не и висината на надоместокот за тие услуги, се вели во реакцијата.

Промовирани огласи »

Флексибилно работно време и двосменски работење се промените кои планира да ги воведе Владата на Република Македонија, а кои според информации на Скопје Инфо веќе се влезени во владина процедура.

Владата планира да воведе флексибилно работно време за вработени во државната управа кое ќе почнува помеѓу 7.30 и 8.30 часот, а ќе завршува помеѓу 15.30 и 16.30 часот. Должината на работниот ден ќе остане иста и ќе биде 8 часа. Освен ова планирани се промени, односно двосменско работење во службите кои работат управни работи и кои имаат директна комуникација со граѓаните. Кај нив работата ќе се одвива двосменски од 07:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот. Првата сабота во месецот за нив ќе биде работна.

Се очекува одлуката за промена на работното време наскоро да помине на владина седница со што ќе стапи на сила во текот на летниот период.

Промената на работно време и воведување втора смена беше еден од проектите кои СДСМ ги најави во програмата за парламентарните избори кои што поминаа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »