Промовирани огласи »

Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски денеска на прес-конференција за медиумите потврди дека денес на главната седница РКЕ донела одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетска дејност производство на топлинска енергија на компанијата БЕГ производство.

Најави дека РКЕ ќе ја информира Владата, која пак, е должна да организира јавен повик на кој ќе биде избран нов вршител за вршење на производство на топлинска енергија. Бислимовски очекува роковите за избор на нова компанија да бидат кратки.

Бислимовски појасни дека скопјани нема да останат без парно.

Нема да има никаков прекин во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје, бидејќи во нашата одлука е наведено дека оваа компанија ќе ја врши дејноста се додека не се избере нов вршител на оваа енергетска дејност, вели првиот човек на Регулаторна.

Лично смета дека оваа дејност треба да ја врши компанија кога ќе биде во државна сопственост.

Бислимовски посочи дека ако има природен гас, нема да има проблем во снабдувањето со топлинска енергија.

Промовирани огласи »

На почетокот на следниот месец според најавите на Регулаторната комисија треба да почнат да се применуваат четирите блок тарифи по кои граѓаните ќе плаќаат за потрошената електрична енергија.

Иако одлука за новата цена на струјата сеуште нема, на објавениот калкулатор на регулаторната комисија секој може да пресмета колку точно ќе  плаќа со новите блок тарифи.

Алсат се обиде да направи една пресметка за тоа колку би се зголемиле или намалиле сметките за струја во секоја од блок тарифите. Нови цени ќе се пресметуваат само за потрошената струја на високата тарифа а не и на ефтината тарифа која е 22 часот навечер до 7 часот наутро и во недела.

На пример, ако во висока тарифа се потрошиле 200 киловат часови и 200 киловат часови во ефтина тарифа потрошувачот е во  првиот блок односно најнискатат тарифа з аплаќање и сметката за струја ќе изнесува 2.492 денари односно ќе биде пониска за 12,7 проценти.

Доколку се влезе во вториот блок, со поголемо количество на потрошена енергија,  и се потрошени во висока тарифа 420 киловати во ефтина 200, новата сметка ќе изнесува 3.960 денари, односно за околу 200 днераи би требало да биде пониска од сегашната. Веќе со надминување на 430 киловати во висока тарифа граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки.

На пример за потрошени 630 киловати според новите тарифи ќе треба да се платат 6,152 денари наместо сегашните 5.720 денари, односно сметката ќе се зголеми за 7,8 проценти. Четвртиот блок има најскапо тарифирање или на пример за потрошени 800 киловати висока тарифа ќе се плати за 21 процент поскапа сметка од сегашниот тарифник. Сметката од 7.104 денари би се зголемила на 8.605 денари.

Во зависност од сметката на струја секој граѓанин може да си пресмета индивидуално во која блок тарифа влегуваат и дали ќе имаат повисоки сметки за струја или не.

ВИЗАРТ- Калкулатор на Регулаторна комисија

  • 200 kWh ефтина и 200 kWh висока  –  помала сметка за 293 денари
  • 200 kWh ефтина и 400 kWh висока –  помала сметка за 223 денари
  • 200 kWhефтина и 630kWh  висока  –  повисока сметка за 423 денари
  • 200 kWh ефтина и 800 kWh висока –  повисока сметка за 1.501 денар 

Извор: Алсат

Промовирани огласи »

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски на денешната прес-конференција ги соопшти новите цени на горивата.

Тој изјави дека од полноќ бензините поевтинуваат за 1,5 денар, а дизелот ќе поскапи за 0,5 денари.

Се очекува да излезе официјалното соопштение со цените на нафтените деривати.

Промовирани огласи »

Вашата самодоверба на работното место можеби има претрпено промени од почетокот на пандемијата, но секогаш можете да вратите дел од вашата самодоверба со некои корисни позитивни афирмации.

1.Јас сум флексибилен/а и издржлив/а

Самоуверените вработени се „издржливи“.Тие ја имаат кутијата со алатки за да можат да се движат напред и да се вратат назад и покрај промените и пречките кои ги задава работното место.

2. Јас сум смирен/а и самоуверен/а

Оваа стратегија за самоповрзување е онаа што ја препорачуваат експертите, бидејќи им помага на вработените да се потсетат себеси дека можат да го побараат она што го сакаат без да изгледаат напорни или невротични.

3.Јас сум проактивен/а, а не реактивен/а

Некој што е реактивен/а велат експертите, може брзо да се преоптовари затоа што не размислува однапред кога некој ќе побара од нив да завршат одредена задача.

4. Јас сум енергичен/а и среќен/а

Експертите ја препорачуват и оваа стратегија за самоповрзување, бидејќи не само што ви помага да го зајакнете вашето расположение, туку им помага и на другите околу вас.

5.Јас сум трпелив/а и опуштен/а

Може да се чувствувате многу анксиозно да живеете постојано во сивата зона на хибридна работа - затоа експертите велат дека оваа стратегија за самоповрзување е одлична за вежбање на благосостојбата.

6.Јас сум концентриран/а

Следно, експертите велат оваа стратегија за самоповрзување е совршена за борба против исцрпеноста и кревање на самоиницијативноста кога можеби чувствувате ниска енергија. Да останете ревитализирани и концентрирани значи да имате ласерски фокус не само на вашата работа, туку и на вашето работно место како целина - вклучувајќи ги вашите соработници и менаџери.

7.Јас сум уверен/а во мојот личен став

Да имате свој личен став и мислење не се однесува само за погледот кон работното место, велат експертите. Одличните стратегии за самоповрзување и мантри ќе ви помогнат да го негувате вашиот личен став и самодоверба со што со голема леснотија ќе ви овозможи полесно да ги извршувате работните задачи.

Доколку се чуствувате доволно самоуверени дека ви е потребна промена и нов почеток, кликнете ТУКА и промените можат да започнат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »