На почетокот на следниот месец според најавите на Регулаторната комисија треба да почнат да се применуваат четирите блок тарифи по кои граѓаните ќе плаќаат за потрошената електрична енергија.
Иако одлука за новата цена на струјата сеуште нема, на објавениот калкулатор на регулаторната комисија секој може да пресмета колку точно ќе плаќа со новите блок тарифи.
Алсат се обиде да направи една пресметка за тоа колку би се зголемиле или намалиле сметките за струја во секоја од блок тарифите. Нови цени ќе се пресметуваат само за потрошената струја на високата тарифа а не и на ефтината тарифа која е 22 часот навечер до 7 часот наутро и во недела.
На пример, ако во висока тарифа се потрошиле 200 киловат часови и 200 киловат часови во ефтина тарифа потрошувачот е во првиот блок односно најнискатат тарифа з аплаќање и сметката за струја ќе изнесува 2.492 денари односно ќе биде пониска за 12,7 проценти.
Доколку се влезе во вториот блок, со поголемо количество на потрошена енергија, и се потрошени во висока тарифа 420 киловати во ефтина 200, новата сметка ќе изнесува 3.960 денари, односно за околу 200 днераи би требало да биде пониска од сегашната. Веќе со надминување на 430 киловати во висока тарифа граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки.
На пример за потрошени 630 киловати според новите тарифи ќе треба да се платат 6,152 денари наместо сегашните 5.720 денари, односно сметката ќе се зголеми за 7,8 проценти. Четвртиот блок има најскапо тарифирање или на пример за потрошени 800 киловати висока тарифа ќе се плати за 21 процент поскапа сметка од сегашниот тарифник. Сметката од 7.104 денари би се зголемила на 8.605 денари.
Во зависност од сметката на струја секој граѓанин може да си пресмета индивидуално во која блок тарифа влегуваат и дали ќе имаат повисоки сметки за струја или не.
ВИЗАРТ- Калкулатор на Регулаторна комисија
- 200 kWh ефтина и 200 kWh висока – помала сметка за 293 денари
- 200 kWh ефтина и 400 kWh висока – помала сметка за 223 денари
- 200 kWhефтина и 630kWh висока – повисока сметка за 423 денари
- 200 kWh ефтина и 800 kWh висока – повисока сметка за 1.501 денар
Извор: Алсат